Македонски легенди

Киријак Шкуртов

K Shkurtov-Deklaracija

Киријак Христов Шкуртов (1872 – 1965) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација (МРО) во Костурско. Учествувал во Илинденското востание, а по поразот на востанието се префрлил во Грција и ја одбил понудата да се приклучи на грчкото андртско движење. Во 1904 година станал војвода на чета и водел низа борби со турски воени потери и грчки андртски чети. По балканските војни, Шкуртов, наречен Сулејман бег, бил уапсен пд нововоспоставената грчка власт и одлежал во Солунскиот затвор од една година. Откако бил ослободен емигрирал во Бугарија, каде бил активен во Илинденската организација.

Кирјак Христов Шкуртов е роден во 1872 година во Костурското село Старичани, Егејскиот дел на Македонија. Завршил грчка гимназија, а потоа работел како грчки учител. Под влијание на македонскиот револуционер Георги Христов, Шкартов влегол во Македонската револуционерна организација и станал еден од првите дејци на Организацијата во неговиот роден крај.

Во 1903 година, за време на Илинденското востание, Кирјак Шкуртов учествувал во повеќе битки меѓу кои: во битката кај селото Вишени, потоа при освојувањето на Клисура, во походот на Колоња и т.н. По востанието, заедно со своите другари, се префрлил во Грција, каде што првично биле уапсени, а подоцна ослободени при што им било понудено од страна на Грчкиот комитет да се приклучат на грчката вооружена пропаганда.

Кирјак Шкуртов и неговите другари на ваквото барање на Грчкиот комитет да се приклучат на андартите одговориле: “Ние се согласуваме, но да работиме за автономна Македонија – против турската тиранија ….“

На почетокот на 1904 година, и покрај обидите на грчката и турската власт повторно да бидат уапсени, Шкуртов се вратил во Костурско и станал секретар на војводата Костандо Живков – Желегоцки. Во наредните месеци учествувал во обновувањето на разорената мрежа на Организација, а по смртта на војводата Костандо во септември 1904 година, Шкуртов станал војвода на Костурската чета. Во наредниот период водел низа борби со турски воени потери и грчки андртски чети. Во борбата со андартите учествувал во вкупно 22 битки вклучувајќи ја и одбраната на селата Осничани, Езерец и Старичани.

Освен што учествувал во битките, Шкуртов од името на “македонските револуционери” водел и кореспонденција со андартски главатари во која ги укорувал за нивниот сојуз со османлиските власти и за нивните дејства против Македонската револуционерна организација.

Во јануари 1905 година, во писмо до жителите на неколку грчки села, во името на “македонските револуционери”, а потпишано и од името на веќе загинатиот Костандо Живков, Шкуртов, ќе напише: “Ние се бориме да извојуваат слободата на сите народности кои ја населуваат … Македонија, без разлика дали тие се Бугари Грци или Власи, бидејќи сите сме под иста тиранија.“

На крајот на март 1906 година, заболен при одбраната на Старичани од андартски напад на 23 и 24 декември 1905 година, заминал на лекување во Бугарија, при што бил заменет од Тома Желински.

По Младотурската револуција во 1908 година, Шкуртов се вратил во Костурско. Тој работел како егзархиски учител во Старичани до Првата балканска војна во 1912 година.

Во јануари 1913 година, новите грчки власти го уапсиле Шкуртов заедно со егзархискиот архиерејски намесник во Хрупишта Атанас Шишков и како непоправливи националисти преку Кожани и Бер ги испратиле во затворот Еди куле во Солун. На 25 јули, воен суд ги осудил на седум години затвор, но Шкуртов одлежал само нешто повеќе од една година.

Откако бил ослободен по амнестијата на 15 март 1914 година, Шкуртов емигрирал во Бугарија. По Првата светска војна, Шкуртов живеел во Пловдив каде што работел како службеник. Во 1920-тите активно се вклучил во организацијата Илинден, соработувајќи со нејзиониот орган, списанието „Илустрација Илинден“, во кое ги објавувал и своите спомени.

Кирјак Христов Шкуртов починал во Пловдив во 1965 година.

K Shkurtov-Deklaracija

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top