Македонски легенди

Перо Ивановски – Тиквар

pero-tikvar-2

pero-tikvar-2

Петар Миланов Ивановски (28. IV 1920 – 28. VI 2018) е македонски револуционер, деец на македонското национално и комунистичко движење. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ. Познат под псевдинимот Тиквар, по окупацијата бил член и секретар на Месниот партиски комитет во Скопје, командант на Оперативниот воен штаб. Во 1942 година бил затворен во затворот „Идризово“. По бегството во 1944 година се вклучил во партизанските единици. Бил командант на 42- та македонска дивизија и на XI МНО бригада. Бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2. август 1944 година.

Перо Ивановские роден на 28 април 1920 година во Прилеп. Како млад прво работи како кожарски, а потоа како тутунски работник. Револтот од експлоатацијата која се вршела врз работниците во тогашна кралска Југославија, него ќе го внесе во работничкото движење.  Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ.  

Во 1938 година, Ивановски станал член и секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп, а во септември 1940 година бил назначен за организациски секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.  Веќе наредониот месец, во октомври 1940 година учествувал на V земска конференција на КПЈ. До август 1941 година, тој останал на местото организационен секретар на ПК на КП во Македонија. По окупацијата тој бил вклучен во работата на Месниот комитет на КПЈ за Скопје и станал командант на Оперативниот воен штаб. 

Пред формирањето на ГШ, оружената борба во Македонија ја раководеле: Воена комисија – Методија Шаторов-Шарло, Коце Стојановски-Металец, Бранислав Шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ – Горски и Илија Јакимовски, Покраински воен штаб – Лазар Колишевски – Митре, Михаjло Апостолски – Дончо, Мирче Ацев – Стојче, Страшо Пинџур – Jосиф, Цветко Узуновски – Абас, Трајко Бошкоски – Тарцан, Перо Ивановски – Тиквар, Кузман Јосифовски – Питу, Иван Дојчиновски – Димче и Оперативен воен штаб, како помошен орган на ПВШ – Перо Ивановски-Тиквар, Трајко Бошкоски – Тарцан, Киро Крстески-Платник и Стив Наумов. 

Во април 1942 година, кај велешкото село Голозинци, Перо Ивановски-Тиквар бил ранет, заробен и осуден од бугарските окупациони власти на 15 години затвор. Затворската казна ја издржувал во затворот „Идризово’, каде останал до 1944 година. На 20 јуни 1944 година, Перо Ивановски – Тиквар, Васил Ивановски, Димитрија Алексовски – Пекар и Никола Димитровски – Грчето избегале од затворот. Ивановски потоа се приклучил на Третата македонска бригада.  

Наскоро бил назначен за политички комесар на Единаесеттата македонска ударна бригада (од 27 август до 25 септември 1944), а потоа на 11 бригада во рамките на 48 – та македонска дивизија. Извесен период пишувал за „Илинденски пат“, органот на НОФ за Македонија, а бил и командант на 42-та Македонска дивизија и на 11 –та Македонска ударна бригада.  

pero-tikvar

Перо Ивановски-Тиквар бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2. август 1944 година. По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации. Бил директор на ФАС „11 Октомври“ и „Железарница – Скопје“, а од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на „Комерцијална банка“  

На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува последниот останат жив учесник на АСНОМ Перо Ивановски – Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“, поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“  

Потсетувајќи се на 2 август 1944 година, на славеничката атмосферата надвор од салата каде што се одржувало Првото заседание на АСНОМ, каде народот од сите локални села доаѓал да го слави Свети Илија Петар Ивановски – Тиквар тогаш ќе каже: 

„ На утрешниот ден [11 Октомври] во 1941 година се сврте македонскиот народ и му викна на окупаторот не ве сакаме. Од тој ден, од тоа не ве сакаме поминаа многу тешки денови, месеци и години дури не се создадоа услови да дојде денот да се свика Собранието на АСНОМ на кое се донесе решение за државност. Сите очекувавме дека Панко Брашнаров сериозно ќе го отвори Собранието и ќе зборува за тешките и мачни одлуки кои треба да се донесат. Но, тој имаше визија за Македонија и ни кажуваше каква ќе биде во иднина. На тој начин помогна полесно да се усвојат решенијата кои беа приготвени за да го добиеме тоа што другите го имаа, а ние го немавме – државноста… 

… Бев радосен што можев лично да му честитам на Методи Андонов-Ченто кој ми беше сосед, соборец и сограѓанин и на Михајло Апостолски кој тогаш постана генерал. Македонија се здоби со своја независност и државност затоа што имаше многу луѓе што беа определени на борба дури и да го загубат животот. На тој пример би требало и денеска да се потсетиме и сега кога стоиме пред можноста да се здружиме со други држави и пријатели треба да го сториме тоа на еден убав начин”. 

Последниот учесник на АСНОМ и еден од основоположниците на државноста на Македонија, Петар Иваноски – Тиквар”, почина на 28 јуни 2018 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top