Македонски легенди

Магдалена Антова

Magdalena Antova

Magdalena AntovaМагдалена Антова (20. VI 1920 – 14. X 1941) е македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Кралството Југославија во 1941 година, таа заедно со својот брат успеала да ослободи неколку заробени југословенски војници, а прибрала и поголемо количество оружје за МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот партизански одред и била првата загината македонска партизанка во НОАВМ. 

Магдалена Јорданова Антова е родена на 20 јуни 1920 година во Куманово. Како млада девојка таа морала да работи како обична работничка шивачка. Чуствувајќи ја врз себе суровоста на експлатацијата на тогашниот систем, таа се придружила на работничкото движење. Во 1939 година, Магдалена беше една од првите младинки кои пристапија на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ).  

Магдалена своето политичко образование почнала да го надополнува со следење на разни списанија и брошури, што тогаш полулегално се ширеле меѓу младината од рака на рака. Прогресивната литература која и била на располагање и која со љубов ја читала, и овозможила да стане една од најдобрите агитатори на напредните идеи меѓу жените, а посебно меѓу работничката женска младина.  

Нејзината работа била заблежана од раководството на СКОЈ. Во текот на 1940 година,  нејзе и било доверено да раководи со една скоевска група. Магдалена од тој момент целосно го посветила својот живот на работата во младинската организација.

Магдалена учествувала на сите масовни излети што биле организирани од Месниот комитет на Кумунистичката партија за Куманово. Поучена од примерот на повозрасните сопартијци, таа ги собирала околу себе младинките – работнички и меѓу нив ги пропагирала напредните идеи. Со својата скромност и речитост таа станала омилена меѓу нив.  

По окупацијата на кралството Југославија во 1941 година, Магдалена со несмалена сила продолжува да работи за Скоевската организација. Таа успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на МК на КПЈ.

Кога кумановската партизанска организација започна со продирање на село, по Мајската партиска конференција – 1941. година, Магдалена стана член на една од агитационо-пропагандните групи. Во состав на оваа група Магдалена скоро секоја недела вршела политичко влијание меѓу селската женска младина. Таа ги читала и обработувала разните летоци, прогласи и друг илегален материјал, ги објаснувала дневните настани и статиите од органот на МК „Дедо Иван“ 

По донесувањето на одлуката за отпочнување на вооружено востание од страна на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија, Магдалена го предала оружјето и муницијата кои со брат и ги имала скриено во нивната бавча. 

На повик на партијата, ноќта на 12 октомври 1941, Магдалена се нашла меѓу 15 борци кои се собрале на зборното место „Менкова колиба“, четири километри јужно од Куманово, каде бил формиран Карадачкиот партизански одред.   

Магдалена Антова била борец на Карадачкиот НОПО од 12 до 14 октомври 1941 година. По извршено предавство од селскиот кмет Одредот набрзо бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица во реонот на село Белановце и загинала заедно со повеќе свои соборци. 

Во битката загинале седуммина борци на Одредот, додека останатите осум се заробени. Во борбата загинале Боро Менков, Перо Георгиевски – Чичо, Киро Бурназовски, Аритон Димковски – Тонко, Бајрам Шабани, а Наце Ивановски – Буѓони е стрелан на лице место. Останатите биле затворени. Во борбата загинала и Магдалена Антова која станала прва жена борец од Македонија која загинала во НОВ.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top