Македонски легенди

Наум Пејов

Prva makedonska egejska brigada 1944

Prva makedonska egejska brigada 1944

Наум Пејов (13. XI 1919 – 21. V 2003) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење. Тој бил член на КПГ (1938) и непосреден учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Пејов бил противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање и по Втората светска војна живее во Македонија.

Наум Пејов е роден на 13 ноември 1919 година во селото Габреш, Егејскиот дел на Македонија. Во 1938 година тој станал член на Кумунистичката партија на Грција (КПГ), а поради својата дејност во 1939 година бил уапсен и затворен.  

Во текот на Втората светска војна, Наум Пејов учествувал во итало-грчката војна (1940-1941), а по окупацијата на Грција во 1941 година од страна на германските, италијанските и бугарските фашистички војски, станал нелегален и е еден од главните организатори на комунистичкиот отпор во Костурско.  

Во април 1942 година во реонот на Корешта во манастирот св. Троица се формирал партизански одред составен претежно од Македонци на чело со Наум Пејов и Коста Тропвски. При формирањето на одредот присустѕвувал и Лазо Трповски кои се залагал за формирање на македонски одреди. 

Во текот на летото 1943 година, Окружниот комитет на КПГ за Костурско го назначи Наум Пејов за раководител на операциите против “Охраната” во Габреш, Брезница, Смрдеш и Руља

Во есента 1943 година Наум Пејовстанал командант на партизанскиот одред “Лазо Трповски”. Член е на окружниот комитет на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) за Костурско (декември 1943 – април 1944 година).  

Малку пред крајот на војната, во мај 1944 година, стравувајќи дека Македонците ќе создадат силна војска, која би била важен фактор во северна Грција, ЦК на КПГ издава наредба за расформирање и разоружување на СНОФ. Незадоволни од решението на КПГ за расформирање на македонските баталјони, некои од командантите на СНОФ, предводени од Павле Раковски и Вангел Ајановски – Оче, заедно со цели баталјони преминуваат во Вардарска Македонија. 

При распуштањето на СНОФ, силите на ЕЛАС го задржуваат на 8 мај 1944 година Наум Пејов, но тој успеал да се ослободи од притвор на 16 мај 1944 година На предлог на Кирил Георгиевски – Дејан, Пејов организирал некои од партизаните и активисти на СНОФ во одделен одред со кој се префрлол во Вардарскиот дел на Македонија.

Наум Пејов бил назначен за заменик-командант на Првата егејска ударна бригада, создадена во Битолското село Драгош во ноември 1944 и распуштената во април 1945 година.

По 1945 година, Наум Пејов зазема високи политички и државни функции во Република Македонија и во југословенската федерација, вклучувајќи пратеник во Републичкиот парламент во Скопје и во федералната Собрание во Белград.  

Наум Пейов напишал книги поврзани со историјата на Егејска Македонија по 1941 година. Зад себе ќе ги остави делата: Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање (1953); Македонците и граѓанската војна во Грција (1968) и Заговор против Македонија (1993)

 Пејов Наум умира на 21 мај 2003 во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top