Македонски легенди

Лазар Велков

Lazar Velkov Divlianec IMRO

Lazar Velkov Divlianec IMROЛазар Велков (? – 24. IX 1924) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во 1909 година, непосредно по Младотурската револуција, активно се вклучил во македонското националноослободително движење. Познат како Дивљански или Дивљанец, по Првата светска војна како војвода на чета дејствувал во Скопско. Загинал во оружен судир со српската жандармерија.

Лазар Велков е роден во скопското село Дивле, тогаш во Отоманската империја. По професија е ѕидар. Во 1896 година се приклучил на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Лазар го предводел селскиот комитет во Дивле и извршувал курирски задачи.

Во 1906 година, Лазар Велков бил уапсен од страна на властите и осуден на 15 години затвор. Меѓутоа две години потоа, по Младотурската револуција во 1908 година, тој бил амнестиран.

Непосредно по Младотурската револуција, во 1909 година, тој активно се вклучил во македонското националноослободително движење, а наредната 1910 година тој станал скопски војвода на обновената ВМРО.

Лазар Велков – Дивљански учествувал во Балканските војни. За време на Првата балканска војна во 1912 година Велков дејствувал со својата чета во Скопско и им помагал на сојузничките српски трупи. Но, по Втората балканска војна во 1913 година, тој бил уапсен од новите српски власти кои ја окупираа Вардарска Македонија и бил затворен во Белград.

Во 1914 година Велков успеал да избега и во 1915 година се приклучил на чета, со која заминал во Кумановско. Потоа дејствувал со чета во родното Скопје.

По Првата светска војна тој се вклучил во дејноста на обновената ВМРО на Тодор Александров и повторно станал војвода на чета во Скопско.

На 4 октомври 1920 година, четата на Велков влегла во борба кај Орешец, Скопско, со летечкиот одред на српскиот капетан Петровиќ. По неколкучасовни борби, српскиот одред бил разбиен, капетанот Петровиќ бил повреден, а двајца контрачетници биле убиени. За казна, српските власти уапсиле стотици мирни селани во Скопско, Велешко, Кумановско и Штипско, кои биле подложени на брутални репресалии, што предизвикало смрт на 20 лица.

Лазар Велков бил тешко ранет во борба со српската војска во месноста Островица помеѓу селата Живине и Колицко и извршил самоубиство на 24 септември 1924 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top