Македонски легенди

Иван Катарџиев

Иван Катарџиев 

Иван Катарџиев (6. I 1926 – 1. XII 2018) е македонски историчар и политичар. Тој е еден основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари. Имал посебен интерес за минатото на македонскиот народ во XIX и XX век, како и за историјата на национално-ослободително движење и борбата за слобода и самостојност на македонскиот народ. Се смета за специјалист по прашањето на Македонската револуционерна организација и револуционерните борби на Македонците. Автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Во 2003 година станал редовен член на МАНУ.  

Иван Катарџиев е роден на 6 јануар 1926 година во село Плоски, Светиврачко (Санданско), Пиринскиот дел на Македонија. Основно образование завршил во родното село, а потоа учел во Свети Врач (денес Сандански), каде завршил гимназија.  

По Втората светска војна, во рамките на проектот за создацањето на културна автономија на Пиринска Македонија, Катарџиев со група младинци бил испратен од Бугарија на студии во Скопје во 1946 година.  

Во учебната 1948/49 година тој ги продолжил своите студии на Универзитетот во Загреб каде го посетувал и курсот по старословенска филологија. Поради Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година тој бил принуден да се врати во Скопје, каде ги продожил своите студии

Тој е еден од студентите во Скопје кои ја потпишал декларацијата против решенијата на 16 пленум на ЦК на БРП (к) од јули 1948 година со кои во пракса се прекинала културната автонимија во Пиринскиот дел на Македонија. По заладувањето на односите меѓу Југославија и Бугарија, тој останал да живее во Скопје, Македонија. 

Во 1951 година, Иван Катарџиев дипломирал на Универзитетот во Скопје на Филозофскиот факултет – Група историја. Од 1951 до 1953 година работел како  професор во Гимназијата „Ј. Б. Тито“ во Скопје, а од 1953 до 1967 година работи во Институтот за национална историја (ИНИ), прво како асистент, потоа како стручен соработник од 1956 година, па виш стручен соработник од 1959 година.  

Во 1959 година, по докторирањето на темата „Серската област (1780–1879), економски, политички и културни преглед“,  Катарџиев бил избран за научен соработник, потоа виш научен соработник во 1965 година, а подоцна е избран и за научен советник во 1973 година. Од 1973 до 1978 година бил директор на НУБ „Свети Климент Охридски“, 

Во меѓувреме, во 1961/62 година како стипендист на француската влада Иван Катарџиев престојувал во Париз каде посетувал предавања на Сорбона и работел во Архивот на Министерството за надворешни работи на Франција.

Покрај научната работа Иван Катарџиев бил општествено активен. Во богатата општествено-политичка активност, меѓудругото бил член на Општинскиот комитет на СКМ на Општината Кале во Скопје, претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија, член на Советот на Институтот за национална историја, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за меѓународни односи и соработка со работничките и другите прогресивни движења, претседател на Матицата на иселениците, пратеник во Републичкото собрание и во Соборот на народите на Сојузното собрание и одново член на Извршниот совет на СРМ.

Иван Катарџиев е автор е на над 30 монографии и зборници на документи. Член е на редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ (1969) и автор на втората книга, член на редакцијата и автор на кратката верзија на Историјата на македонскиот народ (1976) објавена и на неколку странски јазици, член на редакцијата на петтомната историја на македонскиот народ и автор на четвртиот том. За заслугите во областа на историските науки добитник е на следниве наградии: „11 Октомври“ (1968), „11 Октомври“ за животно дело (1988), „13 Ноември“ (1978), „Гоце Делчев“ за колетивен труд (1985), „Гоце Делчев“ за самостоен труд (1987), како и на следниве одликувања: Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда. 

По осамостојувањето на РМ, Иван Катарџиев бил член на ЦО на СДСМ.  На 27 мај 2003 година бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) 

Иван Катарџиев почина на 1 декември 2018 година во Скопје. 

(извор: МЕ, Скопје, 2009)

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top