Македонски легенди

Љубиша Георгиевски

Љубиша  Георгиевски

Љубиша  Георгиевски (Битола, 30. V 1937 – 6. XII 2018 ) е македонски театарски и филмски режисер, сценарист, драмски автор, есеист, теоретичар, универзитетски професор по режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Тој е еден од најзначајните македонски режисери, кој режирал театарски претстави во сите републики на поранешна Југославија, како и во: Полска, Италија, Романија, САД, Бугарија и во други земји. Влегува во политиката и како политичар бил претседателски кандидат (1994), амбасадор во НР Бугарија (2000 – 2004) и претседател на Собранието на РМ (2006 – 2008).

Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола. Својата театарска кариера ја започнал во Битолскот народен театар во 1961 година со дебитанската поставка „Потоп“ од Уго Бети. Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година.

Георгиевски е еден од најзначајните македонски режисери. Режирал над 160 театарски претстави во сите републики на поранешна Југославија, како и во: Полска, Италија, Романија, САД, Бугарија и во други земји. Инаку, зборувал повеќе јазици меѓу кои англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски и романски.

Тој е режисер на врвните претстави како: „Покојник“, „Отело“, „Хамлет“, „Јулиј Цезар“, „Македонски состојби“, „Црнила“, „Хај-фај“; „Еригон“; „Лет во место“; „Тартиф“; „Р“; „Свадбата на Мара“; операта „Болен Дојчин“ и балетот „Македонска повест“.

Покрај театарски, тој режира на текевизија, како и филмови и тоа: „Под исто небо“; „Планината на гневот“; „Република во пламен“; „Цената на градот“.

Георгиевски е автор на книгите: „Свет и сон“; „Онтологија на театарот“; „Феноменологија на театарот“; „Технологија на судбината“; „Вежби по актерско мајсторство“; „Политичката иднина на Македонија“; „Претседателски кандидат“; драмите „Филоктет“ и „Армагедон“ и бројни написи како колумнист.

Георгиевски предавал театарска режија и глума на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот во Скопје. Како визитинг професор тој предавал театарска онтологија и феноменологија и на Универзитетот во Јужна Калифорнија и Универзитетот во Тексас.

За својата работа тој е добитник на повеќе од двесетина награди. Добитник е на наградата “Октомври 11”, награда на Здружението на драмски уметници во Социјалистичка Република Македонија (1962), Војдан Чернодрински (1965, 1990, 1994), Стерја (1965, 1981), Златниот венец (1969, 1974, 1976, 1977, 1978), наградата на Здружението на театарски работници на Босна и Херцеговина (1972), Јоаким Вуич (1974) и т.н.

Љубиша Георгиевски исто така се занимавал со политика. Бил член на една од најголемите македонски партии ВМРО ДПМНЕ. На претседателските избори во 1994 година Георгиевски бил претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2000 до 2004 бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Бугарија, а од 1 август 2006 до 21 јуни 2008 година претседател на Собранието на РМ.

Љубиша Георгиевски починал на 6 декември 2018 година.

(извор: МЕ, Скопје, 2009)

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top