Македонски легенди

Петар Новаковиќ – Чардаклија

Петар Новаковиќ – Чардаклија

Петар Новаковиќ – Чардаклија (? – 1808) е македонски доброволец,  командир на чета во српските доброволечките одреди (фрајкори) во Австриско-турската војна во 1788  – 1791 г. Учествувал во Првото српско востание и бил доверлива личност и личен пријател на Караѓорѓе Петровиќ. Во дипломатска мисија патувал во Санкт-Петербург и бил член на Правителствујушчиот совет сербски. Посмртен говор му одржал Доситеј Обрадовиќ.

Петар Новаковиќ – Чардаклија е роден во 18 век во гостиварското село Леуново. Неговиот поранешен живот преставува мистерија. Веројатно од своето родно село избегал од турските власти во Смедеревскиот санџак, а потоа во Белград работел како гостилничар.

За време на Австро-турската војна (1787 – 1791) година заедно со неговиот брат Јован Новаковиќ Чардаклија се приклучил на српските доброволечките одреди (фрајкори), каде бил капетан на чета.

По повлекувањето на Австрија, тој отишол во Виена, а потоа во Будим, каде што успеал да воспостави блиски врски со аристократските кругови. Неговата сопруга била познаник или службеник на Александра Павловна, сестра на рускиот император Александар I. Кнегињата Александра била омажена со надвојводата Јосиф, хабзуршкиот гувернер на Унгарија, со кој живеела во Будим. Ова е периодот во кој Петар Новаковиќ – Чардаклија ја добил витешката титула ритермајстор.

Петар Чардаклија за цело време останал во контакт со познатите Срби од Унгарија, со надеж дека еден ден ќе биде протерана османската власт од Србија и Македонија. Кога дознал за востанието на Караѓорѓе, тој ја испратил својата сопруга во Харков, а потоа во јули 1804 година преминал во Србија и се ставил во служба на Караѓорѓе Петровиќ.

Учествува во Првото српско востание и станал доверлив човек и личен пријател на Караѓорѓе. Тој е член на Правителствујушчиот совет сербски и патува во дипломатска мисија во Санкт Петербург во есента 1804 година заедно со Матија Ненадовиќ, Божа Грујович и Јован Протич.

Имено, кога српските востаници одлучиле да побараат меѓународна помош за своите активности, тие прво се обратиле до Виена, но биле одбиени. По ова разочарување, Чардаклија ги советувал да поднесат молба до рускиот император, бидејќи тој повеќе сакал да ги поддржи. Чардаклија го убедил Караѓорѓе дека најдобар начин да се направи ова е со испраќање на делегација во Санкт Петербург. Караѓорѓе се согласи и на 1 септември српската делегација заедно со Чардаклија тргнала на пат.

Во Петербург делегацијата се сретнала со рускиот министер за надворешни работи Адам Чарторијски, кој ги сослушал и го предал нивното барање на рускиот император. Адам, исто така, ги советувал да формираат српска влада и им ветил дека Русија ќе го помогне српското прашање влијаејќи врз османлискиот султан.

Делегацијата се врати во Србија во средината на декември 1804 година. Чардаклија потоа учествуваше во Собранието во Печани.

Во април 1805 година, Чардаклија повторно бил дел од дипломатска делегација. Тој заедно со Алекса Лазаревиќ, Јован Протиќ и Стеван Живковиќ бил испратен во Цариград. Меѓутоа, некои претставници беа подложени на злоставување и мораа да побегнат во рускиот конзулат, потоа да избегаат од градот, плашејќи се за својот живот. Чардаклија и Лазаревиќ се качиле на рускиот брод и отпловиле до Одеса. Од Одеса одпатувале во Петроград, а од таму до Белград. Во Србија, тие се вратија во 1806 година.

Во 1807 година, кога Русија одлучила да ја помогне војската на Србите, Чардаклија, заедно со Аврам Лукиќ и Јеремија Гагиќ, бил испратен до главниот штаб на руските експедициски сили стационирани во Влашко.

Чардаклија останал во Белград се до својата смрт во 1808 година. Тој бил погребан во Соборната црква во Белград. Говорот на неговиот погреб го држел неговиот пријател, познатиот писател Доситеј Обрадовиќ, кој во тоа време бил министер за образование на Србија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top