Македонски легенди

Ѓоре Ценев

Ѓоре Ценев

Ѓоре Ценев (31. I 1955 – 25. IX 2018) е македонски физичар, астроном и публицист. Тој бил долгогодишен раководител на единствениот Планетариум во РМ во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје (1980) и раководител на истражувачките проекти „Астрономија на македонскиот народ“ (1982), „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во Република Македонија“ (2002), „Археоастрономска и етноастрономска база на податоци на Република Македонија“ (2006) и проектот „Номинација на Мегалитската опсерваторија Кокино на Листата на светското наследство на УНЕСКО“.

Ѓоре Ценев е роден на 31 јануар 1955 година во Радовиш. Во 1979 година дипломирал Физика насока инженерство на Институтот по физика при Природно математичкиот факултет во Скопје. Во наредната 1980 година се вработил на единствениот Планетариум во Македонија  во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје, каде што генерации на ученици од основните и средните училишта имаат можност да се запознаат со астронимијата.

Две години потоа, Ценев започнал со истражувачка дејност. Во 1982 година во соработка со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје го започнал проектот „Астрономија на македонскиот народ“. Тој со група млади истражувачи работел на полето на етно-астрономија во Македонија. Во текот на овие истражувања кои во континуитет траеле над две децении биле собрани информации од над 1.000 анкетирани постари жители во околу 120 села на територијата на цела Македонија.

Во 2004 година, Ценев кој е еден од ретките Македонци што целиот свој работен век и’ го посветил на астрономијата, ја публикува книгата „Небото над Македонија“. Во неа се објавени резултатите од 22 годишното собирање на материјали за имињата, верувањата и обичаите на македонскиот народ поврзани со небото.

Врз основа на овие истражувања, за полесен опис и за визуелизација на народната престава на небото, беше издадена и Ѕвездана карта на македонскиот народ. Ваквите карти се ретки во светот, а според обемноста и конзистентноста на погледот на светот, како што ќе забележи Ценев, „македонскиот народ има со што да се гордее“.

Од 2002 година, Ценев работи на „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во Република Македонија“. Во соработка со Археолошкиот музеј од Куманово, во археоастрономската анализа на археолошкиот локалитет „Кокино“ докажал постоење на древна астрономска опсерваторија и дека таму бил изработуван лунарен календар. Истражувањата биле презентирани пред научниот свет и во 2006 година тоа го потврдила и вселенската агенција НАСА, која локалитетот „Кокино“ го ставила на четврто место во листата на најстарите опсерватории во светот, веднаш по познатите опсерватории на локалитетите Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват од Камбоџа. Денес „Кокино“ како една од најпознатите древни опсерватории во светот, привлекува голем број на туристи.

Ѓоре Ценев работел и на проектите „Археоастрономска и етноастрономска база на податоци на Република Македонија“ (2006) и проектот за „Номинација на Мегалитската опсерваторија Кокино на Листата на светското наследство на УНЕСКО“.

Во 2008 година, Ценев бил избран за прв асистент по предметот Астрономија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ценев бил и основач и активен учесник во работењето на Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското истражувачко друштво, каде што со својот ентузијазам се вклучува во голем дел од програмските активности и едукација.  Меѓудругото, тој бил главен и одговорен уредник на списанието на младите истражувачи „Активус“ (2004) и на месечното списание за астрономија „Вселена“ (2007). Автор е на учебник по Астрономија и книгите „Ancient secrets of Kokino observatory”, “Earth Today”, како и бројни текстови и научни трудови во домашни и светски списанија.

Ѓоре Ценев починал на 25 септември 2018 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Најнови вести

To top