Македонски легенди

Калистрат Зографски

zografski

zografskiКалистрат Зографски

Калистрат Зографски (3. V 1821 – 1913) е теолог, православен црковномузички деец и композитор на духовни напеви од Македонија. Замонашен на Атос, во манастирот Зограф, Калистрат со својата севкупна дејност достигнал до должноста Архимандрит. Како уредник на манастирските изданија и преведувач од грчки и од романски јазик, дал значаен придонес кон збогаувањето на црковнославјански музички репертоар. Од грчки ги превел службите на св. Климент, св. Наум, св. Седмочисленици и др. Најобемниот труд под негова редакција е четиритомното дело со Хрисантова нотација: ‘Восточно црковно пеење’ (Солун, 1905)”

Калистрат Зографски е роден на 3 мај 1821 година во Струга. Неговото световно име е Крстан Санџакоски. Основното образование и почетоците на теолошкото образование ги стекнал во својот роден град. Според некои сознанија тој ја посетувал музичката школа на Наум Миладин, брат на Константин и Димитар Миладинов, каде ги усвоил теориските основи на византиската диховна музика.

До заминувањето на Света Гора, Крстан Санџакоски бил наставник по грчки јазик и даровит црковен пеец. Причина за неговото напуштање на учителската служба во Струга била трагичната смрт на браќата Миладиновци. Во знак на протест Крстан Санџакоски заминал за Света Гора и се замонашил во манастирот Зиграф. Под името Калистрат, тој со својата севкупна дејност достигнал до должноста Архимандрит.

Во манастирот Зограф, Калистрат развил широка и плодна теоретска, композиторска и преведувачка дејност, што му обезбедило голем углед меѓу познавачите на источната црковна музика. Калистрат Зографски е можеби најдобриот познавател на византиската невматска лествица, создадена од славниот подвижник, композитор и псалт, Св. Јован Кукузел (XII век).

Калистрат Зографски бил познат по својата длабока и непоколеблива припадност на монашкиот живот, но и за неговиот патриотизам и предаденоста на Националната преродба. Како уредник на манастирските изданија и преведувач од грчки и од романски јазик, Калистрат дал значаен придонес кон збогаувањето на црковнославјанскиот музички репертоар. Од грчки ги превел службите на св. Климент, св. Наум, св. Седмочисленици и др. Најобемниот труд под негова редакција е четиритомното дело со Хрисантова нотација: ‘Восточно црковно пеење’ (Солун, 1905)”.

Најраната пишана трага од Калистрат е ракописната Псалтикија напишана 1862 година, а пронајдена во 1982 во с. Лазарополе. Основната вредност на овој ракопис е тоа што насловите се напишани на македонски говорен јазик. Сепак, негово најзначајно дело е зборникот Восточно црковно пеење, во четири тома, кое го издава во Солун, во 1905 година.

Освен со преведувачка и композиторска дејност, Калистрат Зографски се занимавал и со теоријата на источното црковно пеење. Неговиот единствен теоретски труд има наслов Правила и претставува вовед во Воскресеникот-првиот дел од зборникот Восточно церковно пение. Разбирливоста и едноставноста на јазикот со којшто Калистрат говори во оваа кратка граматика го оддаваат високиот степен на образованост и студиозноста, од една, и неговото суверено владеење со теоријата на Хрисантовиот музички систем, од друга страна.

Калистрат Зографски починал во зографската монашка киновија во 1913 година. Поради неговиот смирен, аскетски живот се смета за еден од најомилените духовници на Атонскиот манастир Зограф. Неговите мошти до денес се чуваат во зографската монашка костурница.

Исто така, поради неговиот заслуги кон неговата родна Струга, во црквата Св Ѓорѓи е запишана општинската одлука од 1894 година, која гласи: „Нека споменот на Калистрат да биде вечен за неговиот придонес кон црковната заедница и општината.“

Денес делата на Калистрат Зографски од Струга и неговиот придонес кон музичките и филолошките науки, се предмет на бројни студии во современите научни кругови.

(извор: МЕ, Скопје, 2009 т. I, 664 )

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top