Македонски легенди

Јосиф Даскалов

225px-Yosif Daskalov

225px-Yosif DaskalovЈосиф Даскалов

Јосиф Даскалов (1868 – 1909) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил учител во Скопје, Кратово и др. Гоце Делчев го вклучил во Организацијата како раководител на Кратовскиот револуционерен реон. Во 1897 година, за време на Виничката афера бил уапсен. Во текот на ѕверското мачење, ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на ТМОРО, па кога ноќе го повеле на посоченото место, за да не ги одаде тајните го фатил кајмакамот за заедно да се фрлат од Радин Мост. Кајмакамот сепак се спасил, а тој удрил во карпата на дното, но преживеал.

Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово. Тој е син на свештеник и учител Димитри. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Педгошкото училиште во Ќустендил. Во 1881 година татко му бил заточен во Приштина и тој останат без издршка, поради што извесно време работи како општински писар во Ќустендилското село Берсин.

Со поддршка на македонскиот револуционер и сограѓанин Ефрем Каранов, кој живее и работи во тоа време во Ќистендил, Јосиф Даскалов го зафршил IV клас и станал учител како и неговиот татко. Во учебната 1885/86 година Јосиф Даскалов предавал во Скопје. По  извесно време заминал за родното место и учителствувал во Кратово и други места.

Во 1894 година Јосиф Даскалов влегол во Македонската револуционерна организација. Тој бил заколнат од Гоце Делчев, кој го вклучил во Организацијата како раководител на Кратовскиот револуционерен реон.

По разоткривањето на Виничката афера во 1897 година,  Јосиф Даскалов бил уапсен и ѕверски  мачен. Поради многукратните измачувања да ги открие своите соучесници, Даскалов ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на Македонската револуционерна организација, Кога на 26 декември 1897 година, турските власти ноќе го носеле на местото за да им ја предаде архивата, тој го фатил кајмакамот за заедно да се фрлат од Радин Мост. Кајмакамот сепак се спасил, а тој удрил во карпата на дното, но преживеал.

Македонскиот револуционер, дец на ВМРО и историчар Христо Силјанов, за Јосиф Даскалов ќе напише:

„Од интелигентните луѓе најтрагично заврши учителот Јосиф Даскалов, кратовски раководител. Најбезочно измачуван, горен со вжештено железо во устата и анусот, Даскалов се решава на еден безумни дрзок потфат: го одведува мачителот на една скалеста стрмнина, божем да му покаже каде е складирано оружјето и се фрла оттаму в бездна. Даскалов се обидел да го повлече со себе и Турчинот што го придружувал, ама не успеал: сам се струполил во бездната, но за чудо, останал жив…

Јосиф Даскалов бил осуден на 6 години затвор и бил затворен на Родос. Во 1902 година бил амнестиран и се вратил во родното место, но поради изразените промакедонски ставови егзархистите не му дозволиле да се вработи во Кратово, туку (по многу чекање) во Злетово.

Подоцна Јосиф Даскалов бил испратен во Подрум Кале и таму во 1909 година бил отруен од врховистите (со отров во чаша вино) на патрониот празник „Св. Кирил и Методиј“.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top