Македонски легенди

Христо Андонов Полјански

171

171Христо Андонов Полјански

Христо Андонов Полјански (21. IX 1927 – 7. X 1985) е македонски историчар, универзитетски професор и ректор на Универитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1984-1985). Како долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, тој дал голем придонес во создавањето на стручни и наставно-научни кадри. Истражувал во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 стручни и научни трудови, монографии, научни статии и прилози, рецензии, библиографии, 40 одделни книги  и др.. Голем придонес дал за осветлувањето и за афирмацијата на личноста и делото на Гоце Делчев.

Христо Андонов Полјански е роден на 21 септември 1927 година во Дојран. Основното и средното образование, како и Филозофскиот факултет (Група историја) ги завршил во Скопје. Во 1953 година бил избран за асистент на Катедрата за историја, а во 1958 година докторирал. Веќе наредната 1959 година бил избран за доцент, а во 1966 година станал вонреден професор. Четири години потоа, во 1970 година бил избран за редовен професор по предметот Општа историја на новиот век.

Христо Андонов Полјански бил продекан во периодот од 1960 до 1963 година, потоа шеф на Катедрата за историја од 1971 до 1974 година и од 1974 до 1976 година, како и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  во периодот 1984-1985 година.

Како професор Полјански дал голем придонес за создавање стручни и наставно-научни кадри. Покрај предавањето, тој вршел истражувања во земјата и во странство, при што ќе дојде до низа документи од историјата на македонскиот народ.

Дел од оваа архивска документација Полјански ја објавил во одделни зборници на документи, како што се на пример трите тома „Британски документи за историјата на македонскиот народ“.

Покрај предавањето и истражувачката работа, Полјански учествувал на научни собири во земјата и во странство. Неговото научно дело се состои од над 500 стручни и научни трудови, монографии, научни статии и прилози, рецензии, библиографии и др., од нив 40 одделни книги.

Христо Андонов Полјански со повеќе книги дал голем придонес за осветлувањето и за афирмацијата на личноста и делото на Гоце Делчев.

Неговите најважни трудови се: шесте тома за Гоце Делчев, „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“ и „Британските документи за историјата на македонскиот народ“.

Христо Андонов Полјански починал на 7 октомври 1985 година во Скопје.

(извор: МЕ, Скопје, 2009, стр. 57 )

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top