Македонски легенди

Георги Белев

maxresdefault

maxresdefaultГеорги Белев

Георги Белев (14 IV 1868 – 1945) е македонски револуционер, просветен деец и директор на Солунската гимназија. Во 1912 – 1913 година бил последен директор на егзархоската гимназија во Солун пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Во нив Белев истакнува дека „Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Иванов Белев е роден на 14 април 1868 година0 во Охрид. Според други извори тој е роден во 1875 година. Во 1889 година завршил четврта година на Солунската егзархиска гимназија, а во 1893 година математика на Софиското вишо училиште.

По завршувањето на образованието учителствувал во Државната машка гимназија „Кнез Борис“ во Русе и во Габровската гимназија „Васил Априлов

Георги Белев е член Младата македонска книжевна дружина, во која учествуваат голем број македонски просветители и обштественици од Македонија. Тие се познати уште како “лозарите”. Меѓу нив се Евтим Спространов, Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Даме Груев, Гоце Делчев, Лука Џеров, Иван Хаџи Николов и Христо Матов, Војдан Чернодрински и др.

На IX Конгресот на Врховниот комитет станал нејзин член, а во 1901 – 1902 година бил касиер на крило на Стојан Михајловски и генерал Иван Цончев. За време на Илинденското востание тој бил секретар во четата на ВМОК на Јордан Стојанов во Серско.

По Илинденското востание, цончевистите се обиделе да ја искористат кризата која настанала во македонското националноослободително движење. Како и во минатото, врховистите се обиделе да ја потчинат Внатрешната организација преку преговори и предлози. Георги Белев учествува во мисијата спроведена во април 1904 година во Македонија, кога дошил во Солун, за да се водат преговори со Внатрешната организација. Според Белев требало да се постигне договор за кординација на активностите меѓу двете организации.  Но во тоа време ЦК бил распуштен и тој водел разговори со Солунскиот окружен комитет.

Од 1905 до 1911 година Белев бил директор на Трговската гомназија во Бургас, а од 1912 – 1913 година бил последен директор на Солунската егзархиска гимназија пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. По војните, тој беше шеф на одделот во Дирекцијата за државен долг на Бугарија.

Во 1928 година, Георги Белев бил во раководство на Охридското македонско братство.

Георги Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Како директен учесник во настаните за време на Илинденското востание Белев сведочидекаво периодот спроти востанието, додека македонските и одринските комитети прибирале финансии за востанието, бугарската влада ги опструирала преку конфискување на имот на македонските друштва во Бугарија, на разни документи, вредни предмети, апсење на Македонците и сл.

Исто такаБелев во нив ќе истакне дека„Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Белев починал во 1945 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

Јосиф Јосифовски — Свештарот: Живот положен за слободата на Македонија

Роден на 2 август 1915 година во Гевгелија — загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско. Јосиф Јосифовски — Свештарот е македонски револуционер, учесник во Народноослободителната борба и народен херој. Неговиот живот завршил на само 28 години, во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија. Роден во сиромашно семејство во […]

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

To top