Македонски легенди

Димитар Михајлов – зограф

isus

isusДимитар Михајлов – зограф

Димитар Михајлов е македонски зограф од почетокот на XIX век, претставник на Самаринската уметничка школа. Во 1830 – 1833 година тој и неговиот татко ја зографисале трпезаријата на Бигорскиот манастир и се автори на иконите во иконостасот на Бигорскиот манастир. Во 1832 година, Димитар се замонашил во манастирот под името Даниел, а подоцна служел како протостингел на Пелагониската митрополија. Oд 1840 до 1852 година Михаил и Димитар ја зографисале црквата „Свети Ѓорѓи“ во Рајчица. Кај нив учел и Дичо Зограф.

Димитар Михајлов е роден во градот Крушево во семејството на познатиот зограф Михаил Анагност попотекло од Самарина, Егејскиот дел на Македонија. Димитар е постар брат на зографот Николај Михајлов.

Димитар зографскиот занат го научел кај својот татко и првично работел со него. Тој сликал многу икони во Македонија и Албанија. Најчесто на своите дела се потпишувал на грчки, а поретко и на славјански, како на пример во Бигорскиот манастир.

Во 1830 – 1833 година Димитар и Михаил ја зографисале трпезаријата на Бигорскиот манастир. Во 1832 година, Димитар се замонашил во манастирот под името Даниел, а подоцна служел како протостингел на Пелагониската митрополија.

Десет години потоа, на 26 март 1842 година, Димитар напишал писмо до игуменот на Рилскиот манастир во кое го информирал за желбата на неговиот татко Михаил да го зографиса новиот католикон, главниот храм на манастирот.

Во 1848 година ја насликал црквата „Св. Параскева“ во Халики, Трикалско. Од црквата, негова е и иконата „Свети Димитриј“ од 1870 година.

Освен ова дела, неговите се иконите и кралските двери во митрополитскиот храм на „Успение Богородично“ во Елбасан (1826 – 1828), икони во Бигорскиот манастир од 1829 година, како и иконите на новиот иконостас (1831 – 1835), насликани со неговиот татко Михаил и неговиот брат Николај. „Христос Елејмон“ (1830) од Корчанскиот музеј за средновековна уметност, „Благовештение“ (1834) од „Свети Атанасиј“ во Подвис, икони во Фиер, „Света Богородица Одигитрија“ од манастирот „Света Богородица“ во Појан, иконостасните икони од Свети Никола” во Крушево (со Михаил и Николај),”  Света Параскева” (1866) во “Света Параскева” во Мегалохори, Трикалско.

Покрај тоа што Михаил и Димитар се автори на иконите во иконостасот на Бигорскиот манастир, од 1840 до 1852 година двајцата ја насликале и црквата „Свети Ѓорѓи“ во Рајчица. Кај Михаил и Димитар учел и познатиот македонски зограф Дичо Зограф.

isus„Исус Христос Велик Архиереј“, икона от „Благовештение Богородично“ во Тирана, 1830 г., дело на Михаил Анагност и сина му Димитар

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top