Македонски легенди

Маслина Грнчарова

Maslina

MaslinaМаслина Грнчарова

Маслина Иванова Грнчарова (1874–1958) е македонска учителка и револуционерка, деец на ТМОРО. Како учителка во Димотика (Тракија), станала член на ТМОРО во 1895 година. Поради членството во ТМОРО, била уапсена и осудена, а казната ја издржувала во затворот во Корча (Албанија). Позната како Рајна кнегињата од Костур, по излегувањето од затвор, била секретар на Централната комисија на ТМОРО и член на Костурскиот окружен комитет на ТМОРО. Заедно со учителката Елена Минасова, таа го извезла знамето на Д’мбенската чета. Таа зела учество во Илинденското востание во 1903 година и го шие и развива знамето во Загоричани. Со посебна храброст се истакнала при ослободувањето на Невеска.

Маслина Иванова Грнчарова е родена во 1874 година во костурското село Загоричани во Егејскиот дел на Македонија. Татко и се викал Иван, а нејзиниот брат Вангел. Таа ја завршила Солунската женска гимназија. По завршувањето на гимназијата таа почнала да учителствува во егзархиското училиште во Демотика (Тракија), каде во 1895 година станала член на  Тајната  Македонската револоционерна организација (ТМОРО), Потоа била учителка во Сорович и Зеленич и истовремено вршела курирски должности за Организацијата.

Заедно со учителката Елена Минасова го извезла знамето на Д’мбенската чета на ТМОРО. Во 1901 година, таа се вратила на кратко во родното село каде имала средба со Гоце Делчев. Поради членството во ТМОРО, била уапсена заедно со Манол Розов, Лазар Поптрајков и Павел Христов и осудена, а казната ја издржувала во затворот во Корча (Албанија).

По излегувањето од затвор, Маслина Грнчарова била назначена за секретар на Централната комисија на ТМОРО и член на Костурскиот окружен комитет на ТМОРО. На оваа позиција таа помогнала во планирањето на Илинденското востание. Таа како активен комита зела учество во Илинденското востание во 1903 година.

Маслина го шие и на 2 август 1903 година, качена на коњ, го развива знамето на нејзиниот командант Манол Ризов во Загоричани. Со посебна храброст се истакнала при ослободувањето на Невеска. По повторното апсење во август 1903 година Маслина Грнчарова била амнестирана и се вратила во родното село.

По Првата светска војна (1914 – 1918), по договорите за размена на насление Калфов – Политис и Молов  – Кафандарис (1927), најголем дел славјанскот население принудно било иселено од Егејскиот дел на Македонија. Маслина Грнчарова емигрирала во Бугарија, каде учителствувала во селото Пастух.

Во 1928 година, на вториот редовен конгрес на Македонскиот женски сојуз, Грнчарова влегла во раководното тело на организацијата како соработничка.

Маслина Иванова Грнчарова никогаш повеќе не го видела својот роден крај слободен. Таа умира во 1958 година во Криводол, Бугарија. Зад себе остава кратки спомени за револуционерното движење, во кое вели: „ …мојата активност беше во служба на оние што носеа пушки. Ги пречекувавме четите, носевме леб, за избеганите од Иванчовата афера ангиравме куќи – да се сокријат од напади. Мојата активност, кога бев слободна, беше за други, а не за мене … Пред Илинден, јас станав централна врска помеѓу војводите и реонските началници. Останав така и потоа во целиот наш Костурсски реон … “

masl

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top