Македонски легенди

Александар Ростковски

1111111

1111111Александар Ростковски

Александар Аркадјевич Ростковски (18. X 1860 – 8. VIII 1903) е руски конзул во Битола (1895 – 1903). Бил убиен во прусуство на својот пријател К. П. Мисирков од турски стражар (Албанец) за време на илинденските настани во Битола. Првпат со Мисирков се сретнал во Руското географско друштво во Санкт Петербург (18. XII 1897), а потоа во Битола бил како домашен учител на неговите деца (1902/03). Ростковски објавува статистичкоетнографски прегледи за населението во Битолскиот (за 1897) и во Солунскиот вилает (за 1999), во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Славјани.

Александар Аркадјевич Ростковски е роден на 18 октомври 1860 година во Одеса. Тој е син на Аркадиј Николаевич (Францевич) Ростковски, полски благородник кој го примил православието и бил офицер на Генерлштабот на руската јужна армија на Крим и Ана Павловна Ростковска, родена Бурачкова. Александар Ростковски завршил класична гимназија во Одеса и Алесндровиот императорски лицеј.

Од 1883 година Ростковски бил вработен во азискиот (подоцна – Првиот) департман на Министерството за надворешни работи.  Дипломатската кариера ја започнува како подсекретар во Кнежеството Бугарија, а подоцна напредувал во секретар и драгоман на генералниот конзулат на Русија во градовите Ерусалим, Јанина и Бејрут (сите овие градови биле во склоп на Отоманската империја).

Својата кариера Александар Ростковски ја продолжил како потсекретар во Софија (1884 – 1885), потоа бил вице-конзул во Бриндизи (1894–1895), за да во 1895 биде назначен за вице-конзул во Битола. Во периодот 1899 до 1901 година го заменувал и рускиот конзул во Скопје, а потоа бил назначен за конзул во Битола, каде останува се до својата смрт.

За време на своето службување во Македонија, Ростковски се обидуваше да му помогне на христиојанското население. Патувал по славјанските села и собираше информации за самоволието на Турците и за злосторствата на Албанците. Тој објавил статистичкоетнографски прегледи за населението во Битолскиот (за 1897) и во Солунскиот вилает (за 1999), во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Славјани.

Александар Аркадјевич Ростковски бил пријател со Крсте Петков Мисирков, со кого  првпат се сретнал на 18 декември 1897 година, за време на заедничкиот настап во Руското географско друштво во Санкт Петербург.

По доаѓањето на Ростковски во Битола, во текот на 1902/1903 година, неговиот пријател Мисирков му бил како домашен учител на неговите деца.

Во текот на летниот период рускиот конзул често престојувал во Буковскиот манастир во близина на Битола. Од оваа летна резиденција тој патувал во градот за да ги заврши своите обврски.

Неколку дена по избувнувањето на Илинденското востание, утрото на 8 август 1903 година, Ростковски во тргнал со својот пријател  К. П. Мисирков со кочија кон градот Битола. На влезот од градот биле пречекани од турската стража. Во присуство на возачот на кочијата и Мисирков, турскиот стражар Халим (етнички Албанец) пукал и со два куршуми во стомакот и главата го убил рускиот конзул. Според сведочењето на Крсте Мисирков, како што известува српскиот конзул во Битола – Михаило Ристиќ, иако бил предупреден од рускиот конзул, турскиот стражар не го почитувал странскиот дипломат.

Убиството на Ростковски за малку ќе предизвикала Руско-турска војна. Но, по притисокот на Руската империја врз Цариград, за убиството бил осуден битолскиот валија Али-Риза паша, кој бил осуден на егзил во Либија (тогашната територија на Отоманската империја). Султанот Абдул Хамид Втори телеграфски го замени Али Риза Паша, кој бил наследен од Хусеин Хилим Паша. Исто така, Турците ги ослободиле македонските селани од затворите и се согласиле на присуство на странски офицери во жандармеријата. 

Посмртните останки на Александар Аркадјевич Ростковски на 9 август 1903 година биле донесени во Солун, а од таму со бродот „Терец“ биле пренесени во Одеса. Бродот пристигнал на 13 –ти, а погребот бил извршен на 14-ти август.

Александар Ростковски бил погребан покрај неговиот татко, а на надгробната плоча, која опстанала до денес стои епитаф на кој пишува: „Александар Аркадиевич Ростковски, руски императорски конзул. Тој почина маченички на 26 јули 1903 година во Битола, Македонија “.

По убиството на рускиот конзул, Македонците подигнале дрвен крст на местото каде бил извршен атентатот. Во 1936 година, за време на кралството Југославија, на тоа место битолчани подигнале православен крст од камен, кој подоцна бил уништен за време на комунизмот. Во 2003 година, по повод сто години од неговата смрт, споменикот повторно е изграден од Македонија. Денес, на тоа место се наоѓа деветметарски православен руски крст.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top