Македонски легенди

Симеон Молеров

1a1

1a1Симеон Молеров

Симеон Вишанов Молеров (15. II 1875 – 7. V 1923) е македонски револуционер, деец на Макеонската револуционерна организација (МРО). Тој учествувал во Мелничкото востание (1895), потоа во запленувањето на мис Елен Стоун (1901), како и во Илинденското востание (1903), кога бил член на Востаничкиот штаб во Разлошко. По востанието бил избран за радовишки околиски војвода (1904–1906), потоа и за скопски војвода (1906 –1908). Исто така, учествувал во Балканските (1912 – 1913) и во Првата светска војна (1914 – 1918).

Симеон Молеров е роден на 15 февруари 1875 година во селото Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Тој е внук на живописецот Симеон Димитров Молеров од големото семејство Молерови. Завршил класно училиште во родниот град и работел како чевлар во Софија. Потоа се пријавил во армијата и завршил ветеринарно училиште во Софија.

Симеон Молеров учествувал во Мелничкото востание во 1895 година. Во 1896 година тој се вратил во родниот крај и Гоце Делчев го привлекол да стане член на месниот комитет на МРО и војвода на реонската чета. По неговото пристапување на Организацијата, Молеров ја проширил револуционерната мрежа во Разлог и организирал канал за пренесување на оружјето во Серско и Солун.

Во 1901 година Симеон Молеров учествувал во аферата Мис Стоун, а веќе следната година бил избран за Кочански војвода. На почетокот негови четници биле Димитар Грчев од Порој,  Крсто од Скопје, Диме Апостолов од Кавадарци, Богдан Шејнов од Свети Никола, Васил Талев од Белушино, Георги Костадинов од Мусомишта, Крум Џеров од Охрид, Коста Андонов од Брезово, Мијал Стојчев од Брезово и Селен од Прибогово.

Во летото 1903 година Симеон Молеров бил делегат од Разлог на Серскиот револуционерен округ и бил избран за член на окружното раководно тело. Во Илинденското востание учествувал во Востаничкиот штаб во Разлошко, а по востанието бил избран за радовишки околиски војвода (1904–1906), потоа и за скопски војвода (1906 –1908).

По Младотурската револуција во 1908 година, тој се легализирал и се вратил во родното село и станал претседател на месното читалиште. Но на крајот на 1909 година Симеон Молеров бил уапсен и затворен во Мала Азија. Меѓутоа, на патот кон Солун, тој избегал и се населил во Софија, каде работел како ветеринарен техничар.

Симеон Молеров учествувал во Балканските војни (1912 – 1913) и во Првата светска војна (1914 – 1918). За време на Балканските војни бил војвода на партизанска чета бр. 38 на Македонско-одринското ополчение, која дејствувала во Струмичко во тилот на отоманската војска, а подоцна служел во 15-тата штипска дружина.

По војните Симеон Молеров се вратил во Банско и станал член на партијата Бугарскиот народен земјоделски сојуз (БЗНС) и раководител на месната организација на сојузот. Од 1919 до 1921 година бил кмет (градоначалник) на Банско. Тој беше убиен во мај 1923 година од страна на лица на Внатрешната македонска револуционерна организација, која дојде во судир со БЗНС.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top