Среда, 05 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Есма Реџепова – Теодосиевска
Амбасадор на ромската песна и Македонски музички освојувач на сите меридијани
esma3-600
„Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што сум секогаш во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“... (Есма Реџепова- Теодосиевска, по повод доделувањето на Ореден за заслуги за Македонија)

Оваа, 2010 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја одликува естрадната уметничка Есма Реџепова Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“.

Кралицата на ромската музика и светски признатата естрадна уметница Есма Реџепова прими орден за заслуги од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за нејзината досегашна работа во музиката, но и за нејзините хумани дела и филантропски активности.

Есма е најмаркантното музичко име на Македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив Македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Есма досега „излажа“ многу народи. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по втор пат е номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци.

Низ биографијата на Есма Реџепова- Теодосиевска

esma2Есма Реџепова - Теодосиевска, истакнат естраден уметник и хуманист, е родена на 8-ми август 1943 година во Скопје, Република Македонија.

Потекнува од ромско семејство од татко Ибрахим и мајка Ќанија. Во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот се секојдневно присутни и се дел од семејната традиција.

На единаесетгодишна возраст учествува на популарната емисија на радио Скопје “Микрофонот е Ваш” и ја освојува првата награда. На тој настап ја забележува Стево Теодосиевски, кој во тоа време работи како корепетитор на програмата на радио Скопје. По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнува да работи со оркестарот на Стево Теодосиевски и почнува да бележи успеси.

Првиот настап во странство е во театарот “Олимпија” во Париз.

Во периодот од 1960 до 1989 година Есма и Стево Теодосиевски имаат свое престојувалиште во Белград каде што Есма го завршува вишото естрадно училиште, а поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти, тие со право се нарекуваат “граѓани на светот”. Покрај со музиката, биле активни и на полето на хуманоста.

Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители. Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова - Теодосиевска и ансамблот “Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2000 хуманитарни концерти, како и спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје “Домот на хуманоста и музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”.
esma4-600
Есма Реџепова - Теодосиевска заедно со ансамблот “Теодосиевски” има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг - плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ. Има настапувано во 6 филмови и тоа: “Скопје ‘63”, “Крст Ракост”, “Туѓиот татко”, документарен филм од прогласувањето за кралица на ромската песна во Индија, “Запеј Македонијо” и филмот “ЕСМА” во продуцкија на ЗДФ од Германија.

За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж. Во 1976 година на првиот “Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна.

Во 1992 година на големата западно - европска турнеја е прогласена за “Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пеач носител на оваа награда.
Покрај овие Есма Реџепова - Теодосиевска е добитник и носител и на повеќе други награди, помеѓу кои:

- Октомвриска награда на Југославија;
- Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
- Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
- Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
- Златен медал на Црвен крст на Југославија;
- Награда на УНИЦЕФ на Југославија; - Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
- Златен медал “22 декември”, Југославија;
- 1997 година, Најхумана жена во Македонија;
- 2000 година, Ромска пејачка на Милениумот, на фестивалот на Ромската култура” во Москва, Руска Федерација
- 2000 година, Златен медал на “Светскиот биографски институт” од САД;
- 2001 година, “Златна Бубамара” за животно дело;
- 2003 година, Печат на жена на годината;
- 2004 година, Награда “13 за Најуспешните”
- 2005 година, “Бјорнсова награда”, за најхумана жена и за залагање за правата на ромите.

Во два наврати била номинирана за Нобелова награда за мир, а добила и голем број на други награди и признанија.

Во 2006 година склучува договор за соработка со нашата продукциска куќа МИСТЕР КОМПАНИ, а како резултат на тоа ова е првиот албум за оваа компанија под наслов “Чекај животе“.
 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.