Македонски легенди

Александар Караѓулев

1kara1

1kara1Александар Караѓулев

Александар Караѓулев (1860 – 1892) е македонски национален деец од крајот на 19 век. Тој се залагал за македонска национална посебност и се спротивставувал на бугарската егзархија. Познат уште како А. К. Охридски тој извесно време работел како одговорен уредник на весникот „Македонски глас“ и  бил главен организатор на Македонското читалиште во Софија  Бил уапсен од бугарските власти и поради ѕверските мачења во софискиот затвор овој македонски патриот ја испеал песната „Послушајте патриоти“.

Александар Караѓулев е роден е во 1860 година во градот Охрид, во семејството на Ангел Караѓулев, кое припаѓа на големото охридско семејство Караѓулеви. Александар учел во Охрид и Софија, каде останал да работи и бил активен во македонската емиграција во Софија. Се занимавал со трговија и работел како службеник. Тој се спротиставувал на бугарската егзархија и се залагал за македонска национална посебност.

Александар Караѓулев уште познат како Охридски, извесно време бил оговорен уредник на весникот „Македонски глас“ (јануар – септември 1885 и јануар 1887 год.), кој бил посветен на македонското прашање и тајно се внесувал во Македонија. Имено, тој бил одговорен уредник од 1885 година од број 5 па се до неговото укинување.

На 7 септември 1885 година во „Македонский глас“ бил објавен додаток со повик до сите Македонци во Бугарија со оружје да влезат во Турција и да се борат за ослободување на Македонија, а на 25 јануари 1887 година бил објавен бројот 35 на „Македонски глас“ – јубилејно издание по повод 25-годишнината од смртта на Димитар и Константин Миладинови.

Весникот во својот 24-ти број од 15 јуни 1885 година ќе објави дека: „Безмилосно ќе се бориме против сите оние кои го спречуваат ослободувањето на Македонија, било да се тие егзархи, министри, генерални гувернери, кнезови, дипломати, императори. Решени сме да го објавиме нашиот весник со и без ваша помош, дури и кога останува само еден претплатник. Нема од што да се плашиме. Нашиот уредник е навикнат да го уредува весникот гладен, така што нема да го изгубиме немилоста на силните.“

Од 1886 до 1890 година, Александар Караѓулев работел и во Софискиот суд. Исто така, околу 1889 година бил главен организатор на Македонското читалиште во Софија.

Активноста на Александар Караѓулев Охридски им сметала на софиските власти. Од друга страна, во овој период голем дел од македонската емиграција во Бугарија била против политиката на бугарскиот министер претседател Стефан Стамболов.

Под изговор дека бил соучесник во обидот за атентат во март 1891 година врз тогашниот актуелен премиер Стефан Стамболов, при што бил убиен неговиот пријател министерот за финансии Христо Белчев, Караѓулев бил уапсен заедно и со други Македонци.

На 8 јули 1892 година, Софискиот суд го прогласува виновен и го осудил на смрт. Истата година, на 15/27 јули, овој македонски патриот бил обесен од бугарските власти во дворот на Црната џамија (подоцна црквата „Св Седмочисленици“).

Додека престојувал во софискиот затвор каде бил изложен на ѕверски мачења, македонскиот патриот Александар Караѓулев Охридски ја напишал песната „Послушајте патриоти“

Послушајте патриоти

да ви кажам словото,

на Ѓуѓовден бев затворен, —-

вцрни темни зандани. 2х

Во зандани бев предаден

од проклети шпиони

од проклети шпиони —

неразбрани трговци. 2х

Во зандани бев измачен

ниту вода ниту леб,

телото ми потемнело,

долга риза до земја.

Ах немојте да ме мачејте,

јас сум невин како цвет

сум се борел за слобода —

за човечки правдини. 2х

Ах да знае мојта мајка

гробот да ми ископа

гробот да ми го ископа

спрема јасното сонце.

И на гробот да напише,

тук почива маченик,

тук почива Александров,

Караѓуле Охридски.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top