Македонски легенди

Анастасија Павлова

1anastasija

1anastasijaАнастасија Павлова

Анастасија Павлова Станковска (околу 1869/11.05.1875 – ?), позната само како Наста Павлова или Баба Наста – македонката, е македонски револуционер и позната народна пејачка од Македонија. Таа беше првата народна пејачка што пееше во живо на бугарското национално радио и прва изведувачка на познатата песна „Море, сокол пие“ во 1940 година.

Анастасија Павлова Станковска е родена е околу 1869 година во Крушево. Според документите за барање пензија стои дека таа е родена на 11 мај 1875 година во град Крушево.

Од документите се гледа дека таа активно учествувала во движењето за ослободување на Македонија. Таа го поддржувала револуционерното движење како курир, со носење и криење на оружјето на македонските револуционери во 1902-1903 година, па дури и по Илинденското востание учествувала активно во борбата за ослободување на Македонија.

За време на Илинденско востание, Анастасија Павлова учествувала активно во поддршка на македонските револуционери. По задушувањето на востанието, Наста Павлова ги криела во својата куќа македонските револуционери Коста Попето, Андреј Докурчев и други.

Гевгелискиот војвода Коста Христов Попето (1862-1941) подоцна потврдил дека Павлова го криела и вели: „За време на Илинденското востание, Андреј Димитров и Докурчев од Велес и јас опериравме во Крушово… За време на подготовката на Илинденското востание, Наста Павлова зеде активно учество. Несебично таа помогаше да се сокријат пушките и четниците. Под сомнение дека нејзиниот сопруг убил Турчин, тој лежеше во битолскиот затвор, а за време на востанието Турците го заклаа, бидејќи бегаше со една од своите девојчиња, која почина малку подоцна. По задушувањето на востанието, Наста Павлова го презеде ризикот по нејзиниот живот за да ме скрие мене и Андреј дома. Заедно со нејзината мајка Тана Горчилова, таа нè маскираше во свештеничка облека како свештеници со цел да ги спаси нашите животи..“

Иако нејзиониот прв сопруг бил убиен од Турците и го загубила едното дете, таа не го изгубила духот. Напротив, носејќи ја во себе највисоката доблест – патриотизам, во деновите на најтешкиот национален пресврт, и покрај многуте пречки и материјални тешкотии, таа неуморно служела преку родната песна на светите национални идеали. Баба Наста продолжила неуморно да работи за Македонија распростанувајќи ја македонската песна и обичаи.

По поделбата на Македонија, откако нејзиниот роден град останал во рамките на Србија, таа се преселила во Бугарија и се населила во Софија.

Во Бугарија, Наста Павлова станала позната пејачка и била првата пејачка која пеела во живо македонски народни песни пред микрофонот на Бугарското национално радио, потоа на бугарското национално радио.

Во втората половина на 1930-тите, Наста Павлова ги испеала избраните македонски песни во живо на Радио Софија. Таа е опишана како стилска и талентирана пејачка и како таква станала многу популарна низ цела Бугарија. Таа исто така била прва изведувачка на познатата песна „Море, сокол пие “ во 1940 година.

Анастасија Павлова, исто така, направила снимки во 1943 година на грамофонските записи. Таа снимила вкупно 21 песна со различни теми, како и една тажачка која е посветена на еден македонски револуционер убиен од Турците. Во колекцијата на песни на Анастасија Павлова многу добро опишан е и крушевскиот лазарски обичај.

Бугарскиот фолклорист Манол Тодоров тогаш ќе забележи дека: „Баба Наста беше одличен изведувач и пејачка со ентузијазам. Таа пееше инспирирано и уметнички. Таа не ја изведуваше песната, таа ја пресоздаде!

Море сокол пие

Вода на Вардарот.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

Море ој соколе,

Ти јуначко пиле.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

Море нели виде

Јунак да помине,

Јунак да помине,

С’девет лути рани.

Јане,Јане ле бело грло,

Јане,Јане ле кротко јагне.

Јунак да помине

С’девет лути рани,

С’девет лути рани,

Сите куршумлии.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

А дестта рана,

Со нож прободена.

Јане,Јане ле бело грло

Јане,Јане ле кротко јагне.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top