Македонски легенди

Асен Ведров

1asen

1asenАсен Ведров

Асен Иванов Шурдов (16. VI 1914 – 4. V 1945) е поет, преведувач, новинар. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. Неговата поезија, меѓудругото с со силна љубов кон поробената и распарчена татковина Македонија. Под литературниот псевдоним Асен Ведров, тој објавувал во весниците: „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“, „Жажда“.

Асен Иванов Шурдов е роден на 16 мај 1914 година во Видин, во многудетно работничко семејство. Во 1934 година тој го завршил средното образование во гимназијата во Видин, а потоа студирал литература на Софискиот универзитет.

Асен Шурдов уште како ученик активно учествувал во работничкото движење и бил избран за член на Централниот комитет на Работничкиот младински сојуз (РМС). По завршувањето на редовната воена служба во 1936 година, тој бил примен на Слободниот универзитет во Софија, каде студирал литература. Меѓутоа поради обвинувањеата дека врши комунистичка пропаганда меѓу студентите, Асен бил избркан во втората година од студиите.

Асен Шурдов Ведров спаѓа во групата на основополжиниците на Македонскиот литературен кружок во Софија. При крајот на октомври 1938 г. во неговиот стан на ул. „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок. По тој повод Ангел Жаров ќе забележи: „Есента 1938 година се собравме на улица „Љулин”, во куќата на Асен Ведров (Шурдов) на основачко собрание. Беа присутни околу 12 души, меѓу кои Антон Попов, Никола Вапцаров, Ангел Жаров, Васил Александров, Георги Деспотов, Иван Керезиев, Антон Великов и други. Референт беше Вапцаров.“

Македонскиот литературен кружок во Софија е еден од најзначајните настани од тој период, бидејќи преставува литературно-културен континуиет во развојот на македонската национална свест. Инаку, јадрото на програмски обновениот Македонски литературен кружокот го сочинуваат Никола Вапцаров, Антон Попов, Михаил  Сматракалев (Ангел Жаров), Кирил Николов, Ѓорѓи Абаџиев, Асен Шурдов и др. Подоцна во кружокот беа опфатени уште и македонските поети Коле Неделковски, Венко Марковски и новинарот Митко Зафировски.

Инаку, првите песни Асен Ведров ги објавил уште во 1932 година во јубилејниот зборник на Видинската гимназија. Како студент станал редовен соработник на прогресивните изданија. Под псевдоним Ведров, тој објавувал во весниците: „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“, „Жажда“.  Подготвената стихозбирка за печат била уништена (1939).

Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество, со верба во посреќната иднина на работниот народ, но и љубов кон поробената и распарчена татковина Македонија.

Во 1944 година бил мобилизиран во Видин и ја продолжил својата политичка агитација меѓу војниците. На 9 септември 1944 година, заедно со тројца војници, тој ја презел околиската управа во градот, а потоа организирал одред со кој учествувал во битките со германските единици на подрачјето на градот Кула. Тој бил унапреден во ранг на народен мајор и бил назначен за воен командант на Видин.

Асен Иванов Шурдов, алијас Асен Ведров починал  во несреќен случај во Дофија на 04 мај 1945 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top