Македонски легенди

Ратко Јанев

1 akademik

1 akademik Ратко Јанев

Ратко Јанев (30. Ⅴ 1939 – 31.  XII 2019) е македонски физичар, професор и научник со светки углед во областа на атомската и нуклерната физика, член на МАНУ. Работел во Институтот за нуклеарни науки во Винча и во Институтот за физика во Белград, и повеќе од една деценија во Меѓународната агенција за атомска енергија на создавање податоци за атомски судири во плазма и нивна евалуација, а во врска со истражувањето на фузијата. Објавил голем број статии во врвни списанија на споменатите теми и е еден од најцитираните научници во областа на атомската физика. Меѓудругото добитник на престижната Хумболтова награда за физика.

Ратко Јанев е роден на 30 мај 1939 година во градот Свети Врач (денешен Сандански), Пиринскиот дел на Македонија. Гимназија завршил во 1957 година во Скопје. Образованието го продолжил на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде дипломирал во 1963 година. По завршувањето на постдипломските студии во 1965 година на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Белград се вработил во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча. Во текот на 1966 и 1967 година тој ја продолжил својата наобразба и специјализација на Државниот универзитет во Ленинград (денешен Санкт Петерсбург), на тема „Процеси на електронскиот зафат во бавните атомски судири“. Својата докторска дисертација ја одбранил на ПМФ во Белград во 1968 година.

Ратко Јанев работел како научен советник во Институт за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча до 1972 година, а потоа во Институтот за физика во Белград до 1987 година. Од 1969 година држел курсеви на постдипломските студии на ПМФ во Белград (Отсек теориска физика), а во периодот од 1970 до 1973 година држел предавања по атомска физика на ПМФ во Скопје. Неговата повеќегодишна преокупација биле теми поврзани со атомски судири.

Објавил голем број статии во врвни списанија на споменатите теми, за гасни ласери, судири со тврди површини, карактеризација на процесите во токамак и др. Бил гостин-професор во повеќе универзитети низ светот. Држел предавања на повеќе универзитети во Европа (Парис, Бордо, Аархус, Стокхолм, Москва, Лондон, Дарам, Брисел, Лувен-ла-Нев), Америка (Боулдер, Ноксвил, Принстон), Јапонија (Нагоја, Кјото,Токио, Осака) и Кина (Пекинг, Шангхај, Сиан, Ченгду). Покрај тоа, проф. Јанев остварил и долгогодишна научна соработка со врвни светски истражувачки институции како што се: Париската обсерваторија во Медон, Физичкиот институт на Руската академија на науките во Москва, Курчатовскиот институт во Москва, Санкт-Петерсбугскиот иниверзитет, Лабораторијата за атомски судири при Католичкиот униврзитет во Лувен-ла-Нев, Белгија, Пристонската лабораторија за физика на плазмата, Националната лабораторија во Оук Ридж, Националниот институт за фузиона наука во Таџими, Јапонија, Истражувачкиот центар во Јулих, Германија, Институтот за применета физика и математика во Пекинг, Кина.

Во текот на својата научно истражувачка работа, проф. Јанев  дава особен допринос во развитокот на асимптотската теорија на изменските заемнодејствија меѓу атомските честици и меѓу атомските честици и цврстите површини, квантната динамика на судирните процеси на многократно наелектризираните јони со атомските честици, физиката на атомските процеси во густи, високотемпературски лабораторијски и астрофизички плазми, како и во магнетски и инерцијано конфинираните термонуклеарни плазми. Во последните години неговиот научен интерес бил насочен кон атомските и молекуларните процеси во раната фаза на еволуцијата на Вселената и галаксиите и т.н

Проф. Јанев  бил еден од најцитираните научници во областа на атомската физика. Во осумдесетите и деведестите години на минатиот век тој имал позиции во Нобеловиот комитет (како предалагач на кандидатите за Нобеловата награда за физика).

Проф. Јанев активно соработувал и со Скопскиот универзитет и со МАНУ. Исклучителен е неговиот придонес за развојот на науката во Македонија. За член на Македонската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав, е избран на 7 октомври 1988 г., а за редовен член е избран на 16 октомври 2000.

Во периодот од 1988 до 1999 година, акад. Јанев раководел со програмите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена. Повеќе од една деценија во МААЕ тој работел на создавање податоци за атомски судири во плазма и нивна евалуација, а во врска со истражувањето на фузијата. Покрај тоа, проф. Јанев бил преставник на Македонија и помогнал во процесот на зачленување на земјата во МААЕ во Виена.

Заради својата репутација од областа на атомската физика акад. Јанев  бил член и на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993-1997), како и член на научните или програмски комитети на меѓународните конференции. Заедно со проф. А. Далгарно од Харвардскиот универзитет, акад. Јанев во 1998 година ја иницира биеналната Меѓународна конференција за атомски и молекуларни податоци и нивните примени (ICAMDATA). За својата истражувачка работа, во 2004 тој ја добил престижната германска Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија.

Академик Ратко Јанев починал на 31 делември 2019 година во Белграф

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top