Македонски легенди

Георги Герџиковиќ

Georgi 1

Georgi 1

Георги Герџиковиќ

Георги Герџиков(иќ) (1880 – 1911) е македонски револуционер, илинденец и македонски „автономист”. Како српски поручник двапати со своја чета влегувал во Македонија, но бил ранет во борбите со Турците. Подоцна поднел оставка на офицерската служба и во 1905 г., станал сопственик и одговорен уредник (заедно со Григорие Хаџиташковиќ) на органот на обновениот Македонски клуб во Белград весникот „Автономна Македонија” со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците”. По големите реакции во Србија, весникот е забранет, а тој бил прогонет и интерниран во Пожаревац. Преку Австро-Унгарија и Црна Гора, дошол во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Ј. Сандански се прибрал во Македонија и умрел од туберкулоза во родниот град.

Георги Герџиковиќ е роден во 1880 година во Гевгелија. Завршил француско трговско училиште „Гир“ во Солун. По кратко учителствување во селото Мачуково. во 1898 година се запишал во Воената академија во Белград, која ја завршил во 1900 година. Како српски поручник двапати со своја чета влегува во Македонија, но бил ранет во борбите со Турците и се лекувал во Софија. Инаку за време на Илинденското востание бил војвода на чета во одред на Македонскиот комитет, на чело со полковникот Анастас Јанков, познат како „Македонски Гарибалди“,

По угушувањето на Илинденското востание, распуштањето на востаниците и складирањеѕо на оружјето во скривниците, во 1904 г., во Македонија започнаа да делуваат четите на бугарската, грчката и српслата вооружена пропаганда. По појавата на србоманската чета на Мицко Крстевски, Георги Герџиковиќ и Христо Узунов биле ангажирани да го поканат Мицко да се покори на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа и покрај нивниот напори војводата Мицко ја засилил својата просрпска дејност и неговата чета се зголемила на 30 души.

И покрај тоа што е српски воспитаник, Георги Герџиковиќ бил убеден дека автономија на Македонија е единствениот пат за нејзино спасување од турските канџи. По враќањето во Србија, тој поднел оставка на офицерската служба и во 1905 година станал сопственик и одговорен уредник на органот на обновениот (заедно со Григорие Хаџиташковиќ) Македонски клуб во Белград весникот „Автономна Македонија”(La Macédoine autonome), со мото: „Балканот на балканските народи. Македонија на Македонците” и со девиза: „Првин слобода, па после пребројување!”

Тие ја бранеле идејата дека Македонското прашање не е прашање на ниту една балканска држава и се залагале за автономна Македонија, како дел од една балканска федерација. Надевајќи се дека ќе добијат помош за македонското револуционерно ослободително дело, Герџиковиќ и Хаџиташковиќ се „приклониле“ кон Српското четничко движење на Јован Атанацковиќ и Милорад Гоќевац. Меѓутоа, согледувајќи го нивното лицемерие, Герџиков и Хаџи Ташковиќ во весникот „Ден“  ќе истакнат:

„ … Ние сме неповратно решени да работиме за ослободувањето на нашата татковина Македонија, притоа воопшто не водејќи сметка кому тоа се допаѓа, а кому не, без да му го признаеме некому правото за тоа повеќе да се грижи од сопствените синови на таа земја, независно од верата и народноста“.

(„Ден“, бр. 611, 9 септември, 1905 година)

Истата година, Герџиковиќ и Хаџиташковиќ преговараат во Софија со „левото крило” на ТМОРО за учество на Рилскиот конгрес. Македонскиот револуционер и историчар Христо Силјанов во своето дело “Ослободителните борби на Македонија” за Хаџи Ташковиќ и Герџиковиќ ќе напише: “Во Србија, сепак, имаше … и друга една група од најчистокрвни автономисти – групата околу весник” Автономна Македониjа “… Оваа група има својата трагична историја – толку трагична како и општата судбината на сите Македонци кои несебично му служеле на светлиот автономен идеал. Нејзината дејност, многошумна и несебична, но краткотрајна, е поврзана ко имињата на двајца Македонци со српско воспитание: Георги Герџикович од Гевгелија, српски офицер и Глигор хаџи Ташкович, од Воден, гимназиски учител. Ослободителното движење на своите сонародници ги плени нивните срца и ги направи протагонисти на идејата Македонија за Македонците. Герџикович беше активен борец, хаџи Ташкович, – борец со перо и слово. Во 1903 година Герџикович се најде во Македонија со чета, како доброволец и се запозна одблизу со аспирациите и разбирањата на македонските револуционери од сите струи. Тој се врати во Србија длабоко убеден дека спасението на Македонија е во заедничка борба на населението од потистнати народи, под знамето на Внатрешната организација и почна да работи во оваа насока… Во август 1905 година двајцата другари дојдоа во Софија и од името на групата влегоа со представителите на Внатрешната Организација во преговори за взаемна дејност..“

Но, по големите реакции во Србија, весникот е забранет, а Герџиковиќ бил прогонет и интерниран во Пожаревац. Од таму тој избегал во Австро-Унгарија, Црна Гора и во Бугарија, а по Младотурската револуција заедно со Јане Сандански се прибрал во Македонија, каде умира од туберкулоза како турски службеник во родниот град во 1911 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top