Македонски легенди

Марко Секулички

1zahari

1zahari Марко Секулички

Марко Стојанов (16. XI 1848 – 1928) е македонски ајдутин и револуционер, припадник на Тајната македоно-одринска револуционерна организација (ТМОРО). Познат по родното место како Марко Секулички, тој бил член во ајдутска дружина која во период од 1870 до 1876 година дејствувала во Кратовско, Кумановско и Велешко. Учествувал во Српско-бугарската војна во 1885 година. Меѓу, 1902 – 1905 година. бил пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил. Учествувал и во Балканските војни.

Марко Стојанов е роден на 19 ноември 1848 година во кратовското село Секулица., по које подоцна станал познат како Марко Секулички. Завршил само IV одделение.

Заедно со неговиот брат Никола (Кољо) Секулички, за кого македонскиот народ испеал песна, станал член на ајдутска дружина која во период од 1870 до 1876 година дејствувала во Кратовско, Кумановско и Велешко.

Тој бил на чело на ајдутската дружина која во овој период ги ликвидирани познатите зулумџии Исмаил ага и Дели Мустафа.

По неуспехот на Македонското (Креснеско) востание (1878 – 1879) Марко Секулички се населува во градот Ќустендил, во Кнежество Бугарија, формирано по Руско-Турската војна (1877 – 1878).

По обединувањето на Кнежеството Бугарија со Источна Румелија во 1885 година, која довела до нарушување на равнотежата на Балканот, дошло до војна помеѓу Србија и Бугарија. Во оваа војна учествувал и Марко Стојанов – Секулички како доброволец во бугарската армија.

По завршувањето на војната и демобилизацијата на војската, Марко Секулички се вратил во Ќустендил каде се занимавал со трговија. Но. како стар ајдутин, искусен борец и добар познавач на теренот, десет години потоа повторно ја зел пушката во раце. Во 1895 година тој зел учество во четничката акција, позната како Мелничкото востание, кое го организира  Македонскиот комитет, организација на македонската емиграција во Бугарија.

Марко Стојанов – Секулички станал член на Македонски комитет, кој прво го менува името во Врховен македонски комитет (ВМК), а потоа и во Врховен македоно-одрински комитет (ВМОК). Како член, тој активно учествува во активностите на Ќустендилското друштво. Меѓутоа, меѓу 1902 до 1905 година станал пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил. Тој се грижел за финансиите и собирањето на оружје за Организацијата и бил во роднинаска врска и со официјалниот фотограф на ТМОРО Анастас Новев, од ќустендилското село Коњаво.

По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година Марко Секулички бил доброволец во Македоно-одринското ополчение. Тој служи во 1 чета при VII Кумановска дружина, заедно со својот 16 – годишен син Димитар.

Во 1923 година Секулички бил уапсен од страна на власта на Бугарски земјоделски народен сојуз (БЗНС) поради конфликтот со ВМРО.

Неговиот син Захари (Заре) Секулички бил деец на Македонската федеративна организација. По враќањето од Виена, Заре бил обвинет од Ванчо Михајлов за српски шпион и бил обесен спротив споменикот на Тодор Александров во Ќустендил на 9 декември 1928 година. Истата 1928 година, во Ќустендил починал и неговиот татко  Марко Секулички.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top