Македонски легенди

Лука Групчев

1luki

1luki Лука Групчев

Лука Групчев (19. X 1874 – 30. VII 1947) е македонски револуцинер и учител, учесник во Илинденското востание, охридски и струшки војвода. Учителствувал во Ресен и во Охрид. Бил член на ТМОРО и учествувал на Смилевскиот конгрес во 1903 година. По конгресот бил секретар во четата на војводата Јаким Алулов, а потоа војвода на струшки Дримкол. Познат е под псевдонимите Аспарух и Соломон.

Лука Георгиев Групчев е роден на 19 октомври 1874 година во Охрид, во семејство од познатиот охридски род Групчеви (Групче). Завршил гимназија во Софија и се запишал на Софискиот универитет, но не го завршил. Потоа учителствувал во Охрид и Ресен, каде бил главен учител.

Во 1903 година Лука Групчев преминал во илегала и кратко време бил четник на Тома Давидов, кој се до својата смрт 15 март 1903 година, како главен ревизор на четите во Битолскиот револуционерен округ, ги обиколувал Охридско, Битолско, Демирхисарско и се грижел за воената подготовка на војводите и четниците пред престојното востание.

Од 2 до 7 мај 1903 година (или од 17 до 22 април 1903 стар стил) Лука Групчев заедно со Христо Узунов, Дејан Димитров, Атанас (Тасе) Христов и Аргир Маринчев учествувал на Смилевскиот конгрес на Македонската револуционерна организација, како преставник на Охридскиот реон. На конгресот на кој било донесена одлука за кревање на востанието, Лука бил избран за член на Охридското горско началство.

Лука Групчев кратко време бил секретар на реонскиот војвода во Горен (Струшки) Дримкол Јаким Алулов, а потоа за време на Илинденското востание бил самостоен војвода на Струшки Дримкол.

По задушувањето на Илинденското востание, Лука заминал преку Албанија и Црна Гора, за Бугарија. Таму работел како секретар на 3-тата женска гимназија во Софија. Во текот на 1904 година бил вклучен во Задграничното преставништво на Македонската револуционерна организација.

Лука Групчев учествувал во Првата балканска војна во 1912 година како доброволец во 9-тата велешка дружина на Македонско-одринското ополчение. За покажаната храброст во војната добил сребрен медал.   

Во септември 1913 година, за време на Охридското востание кое избувнува против српската окупаторска власт, два месеци по Втората балканска војна, Групчев влегол во привремената управа на Охрид.

По неуспехот на востанието, тој како и голем дел македонски дејци својот спас го гледа во Бугарија, каде ќе остани до крајот на својот живот.

Во текот на 1938 и 1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев бил член на редакцискиот комитет на списанието „Илюстрация Илинден“.

Лука Групчев починал на 30 јули 1947 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top