Македонски легенди

Елпида Караманди

1kara12345

1kara12345 Елпида Караманди

Елпида (Пида) Караманди (1. I 1920 – 3. V 1942) е македонска револуционерка, комунист, учесник во НОБ и народен херој. Била учесник во македонското студентско движење на Белградскиот универзитет во 1938 година. Член на СКОЈ е од 1939 г., а  на КПЈ од јуни 1941 г. Извесен период била ангажирана во партиската техника на МК на КПЈ во Битола. По апсењето од бугарската полиција, поради немање докази, била ослободена. За да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегала. Како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“, во борба кај Лавчанската Корија, против бугарската војска и полиција била тешко ранета и заробена. За да го заплашат населението, врзана за запрежна кола таа била влечена по битолските села, по што и починала.

Елпида Караманди Ставрева (псевд. Бисера и Нада) е родена на 1 јануар 1920 година во Лерин. Нејзината мајка се премажила и се преселила во Битола, каде што Елпида живеела од раното детство. Во Битола завршила гимназија. Уште додека учела во гимназија, таа била политички активна. Поради нејзината активност станала популарна меѓу битолската младина.   

Во 1938 година Елпида заминала на студии во Белград. Меѓу напредните студенти имало многу ученици од битолската гимназија која таа ги познавала. Дружејќи се со нив таа се приклучила на македонското студентско движење на Белградскиот универзитет.

Во 1939 година таа била примена во СКОЈ. По капитулација на Кралството Југославија во април 1941 година, Елпида работела на подготовките за вооружена борба. Во јуни истата година била примена во КПЈ.

Извесен период Елпида била ангажирана во партиската техника на МК на КПЈ во Битола. Нејзината партиска активност била забележана од окупаторот и била уапсена од бугарската полиција. Но, поради немање докази, била ослободена. Свесна дека ја следат, таа за да го избегне натамошното полициско проследување, преминала во илегала.

Во јануари 1942 година, Елпида била избрана за член на ПК на СКОЈ за Македонија и во април истата година заминала како борец на Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“.

Но набргу, на 3 мај 1942 година, одредот бил опколен од бугарската полиција и војска. Во борбата на одредот кај Лавчанската Корија, кај битолското село Лавци, Елпида Караманди, била тешко ранета и заробена. За да го заплашат населението окупаторот ја влечел врзана за запрежна кола по битолските села, при што починала.

Смртта на Елпида Караманди, позната под псевдоми,ите, Бисера и Нада, била опеана истата година во народната песна „Нада студентката за народ загина, за народ загина – за Македонија.“

За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top