Македонски легенди

Злате Михајловски

1901а12

1901а12 Злате Михајловски

Злате (Малаковски) Михајловски (1926 – 1944) е македонски партизан, учесник во НОБ и народен херој на Југославија. По окупацијата на Југославија се вратил во Македонија и стапил во НОПО „Кораб“. Во текот на 1943 година во една борба бил заробен, спроведен и држан во затвор во Тирана. По капитулацијата на Италија кон крајот на истата година бил ослободен и станал борец во Првата македонско-косовска НО бригада. Загинал во борба на бригадата со бугарската војска во Егејскиот дел на Македонија во 1944 година.

Злате (Малаковски) Михајловски е роден во хостиварското село Богдево во 1926 година, во семејството на Меле и Велика. Уште како млад заминал на печалба. До почетокот на 1941 година работел како зидарски работник во Белград.

По окупацијата на Југославија во април 1941 година, Злате Малаковски се вратил во Македонија и во март 1943 година стапил во партизанскиот одред НОПО „Кораб“. На 27 април 1943 година, одредот влегол во судир со балистите на Џемо Хаса во Ново Село. Во текот на судирот осумина борци успеале да го пробијат обрачот, четворица загинаа, а десетмина борци меѓу кои и Злате биле заробени.

Злате Михајловски со останатите борци бил спроведен во затвор во Тирана. Шетмина од нив биле осудени на смрт и во мај 1943 година обесени, а Злате и останатите партизани кои биле малолетни биле осудени на временски казни.

По капитулацијата на Италија во септември 1943 година Злате бил ослободен и се вратил во Македонија. Во ноември 1943 година, тој станал борец, пушкомитролезец во Првата македонско-косовска НО бригада. По една успешна борба за одбрана на слободната територија Дебарца, пред целиот строј бил награден со револвер за покажаната храброст.

По пренесувањето на тежиштето на народноослоботелната борба во Егејска Македонија, Злате Михајловски учествувал на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз (НОМСМ) на Македонија одржан на 22 декември 1943 година во село Фуштани. Тој бил член на претседателството и бил избран за член на Главниот одбор на НОМСМ.

За време на Фебруарскиот поход во 1944 година, Злате учествувал во Богомилскиот марш на Првата македонско-косовска бригада која требала да се движи преку Мариово, Азот и Порече кон Западна Македонија. Во прилепско тој се борел против бугарските војници и кога Штабот на бригадат одлучил таа да се врати во Егејска Македонија, Злате бил меѓу петте доброволци кои требало да се вратат во Прилеп за да го прикријат движењето на бригадата.

Петте доброволци кои неприметно влегле во градот и започнале борба со бугарската војска ги предводел Злате. Набрзо потоа, бугарските војници ги блокирале сите излези од градот и кај фудбалското игралиште ја опколиле групата. Злате и останатите доброволци загинале во борба со бугарската војска. 

Злате Михајловски бил прогласен е за народен херој на Југославија на 8 октомври 1953 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top