Македонски легенди

Киро Гаврилоски

1leg

1legКиро Гаврилоски

Киро (Киро) Гаврилоски – Јане  (22. II 1918 – 9. V 1944) е македонски комунистички деец и народен херој на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ). Пред Втората светска војна учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови во Прилеп, а по 6 април 1941 гoдина активно работел во подготовките на НОАВМ. Заминал во партизански одред кон крајот на 1942 година. Заедно со Круме Волнароски бил опколен во една куќа во Прилеп и по подолг отпор против бугарски војници и полицајци, за да не падне жив во непријателски раце, се самоубил.

Кирил (Киро) Гаврилоски е роден на 22 февруари 1918 година во Прилеп, во печалбарско семејство. По завршувањето на четврти клас гимназија станал трговски помошник. Често патувал во Загреб и Белград. Рано се вклучил во работничкото движење во Прилеп. Откако  во Белград и Загреб се запознал со луѓе со социјалистичка ориентација, тој почнал да носи нелегален материјал во Прилеп и како млад почнал активно да учествува во сите акции и демонстрации против режимот. Поради тоа бил прогонуван и апсен од полицијата.

Киро бил влијателен во градот и пред Втората светска војна бил член на одборот на „Црвена помош“. Како таков со своето семејство учествувал во собирање на „Народна помош“. Исто така, активно учествувал во формирањето на нови партиски организации северно од Прилеп, особено во околината на Македонски Брод.

Веднаш по окупацијата во кралството Југославија во април 1941 година, Киро почнал активно да работи во подготовките за вооружено востание. Истата година станал и член на Комунистичката партија на Југославија. Поради своите активности, припадниците на бугарските окупаторски власти шест пати го апселе и малтретирале.

На почетокот на 1942 година Киро се повлекол во илегала и станал член на Месниот комитет на КПЈ во Прилеп. Одржувал врски со одредот „Димитар Влахов“ и бил активен во селата Дреновци, Горно Село и Дабница. Во последен момент, тој го избегнал масакрот во Дабница извршен на 19 септември 1942 година од страна на бугарскиот окупатор.

Киро Гаврилоски – Јане извесно време работел со партиската техника и кон карајот на 1942 година заминал во партизански одред. Наредната 1943 година, бил избран за член на Вториот областен комитет на КПМ во Битола. При првото ослободување на Кичево, во септември 1943 година, станал и секретар на Кичевскиот окружен комитет.

Во зимата 1944 година Киро се вратил во Прилепско како член на Битолскиот околиски комитет. По враќањето, тој му помагал на Месниот комитет во Прилеп за испраќање на нови борци во бригадата. На почетокот на пролетта 1944 година, Киро, заедно со секретарот на прилепскиот окружен комитет, Круме Волнароски, посветил посебно внимание на формирањето на Народноослободителниот одбор.

По започнувањето на подготовките за Првото заседание на АСНОМ, Киро и Круме често соработувале. Во мај 1944 година, во куќа во Прилеп се одржал состанок на кој биле делени полномоштва на делегатите. Откако делегатите си заминале, куќата во која останале Кире и Круме, по извршено предавство, била опколена од бугарската полиција. Тие одбиле да се предадат по што започнала акција за нивно ликвидирање. Во неколку часовната жестока оружена престрелка на 9 мај 1944 година тие успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Меѓутоа, окупаторските сили успеале да ја запалат куќата, по што Кире се убил за да не падне жив во нивни раце, додека Круме бил заробен и мачен по што починал.

Киро Гаврилоски е прогласен за народен херој на Југославија на 11. X 1951 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top