Македонски легенди

Наум Евро

1skolo

1skolo

Наум Евро (почетокот на XIX – крајот на XIX век) е македонист, учител, културно-национален деец, а подоцна и српски пропагандист. Бил против дејноста на новоосноватата Бугарска егзархија во Македонија и бил за обнова на Охридската архиепископија. Учествувал во формиралњето на Тајниот македонски комитет во Софија во 1885 г., кој бугарските власти го оквалификувале како „македонски сепаратизам“, Во 1887 г., заедно со Коста Групчев поднеле Меморандум до Канцеларијата на великиот везир со барање за издавање весник во Цариград „на чисто македонски дијалект“ под името „Македонски лист“. Во 1888 г. подготвил буквар на македонски јазик за училиштата во Македонија, кој останал во ракопис.

Наум Евро или Наум Евров (Јевровиќ) е роден во Струга во првата половина на XIX век. По формирањето на Бугарската егзархија во февруари 1870 година, Евро зазел став против нејзиното делување во Македонија. Во 1872 година станал член на Друштвото „Свети Климент“ во Охрид, а на 5 ноември 1875 година учествувал на еден состанок во Охрид на охридските и струшките првенци за обнова на Охридската архиепископија

Во 1885 година Друштвото било преустановено под името Ученичко просветно друштво „Св. Климент“. Истата година, Наум Евро со членови од охридското друштво и студенти на Софискиот универзитет, меѓу кои Темко Попов, Коста Групчев и Васил Карајовов, го формирале Тајниот македонски комитет во Софија, чија цел била: да се спротивстават на странските пропаганди во Македонија, да се истакне посебноста на македонскиот национален индивидуалитет на Балканот, да се отстрани Егзархијата од Македонија, возобновување на Охридската архиепископија и за воведување на македонски јазик во училишната настава.

Појавата на Тајниот македонски комитет во Софија, бугарските власти го оквалификувале како „македонски сепаратизам“, бидејќи „Македонците одбиваат да се вклучат, и самите и својата татковина, во границите на Бугарија, туку се борат за самостоен културен и политички развој“. Набргу потоа биле уапсени во Софија и по растурањеѕо на комитетот поголем дел од студентите заминале за Белград.

По доаѓањето во Белград, поранешните членови на комитетот Наум Евро, Коста Групче, Темко Попов и Тома Карајовов стапиле во контакт со српската пропаганда и учествувале во создавање на Друштвото Србо-Македонци од Цариград. На тој начин влијалеле во програмските определби на друштвото и меѓудругото било предвидено издавањето на весник на чисто македонски јазик. Во програмата на друштвото стоело дека ќе се залага и за обновување на Охридската архиепископија.

На 26 јули 1887 година, Наум Евро и Коста Групчев, во договор со српскиот пратеник во Цариград Стојан Новаковиќ, поднеле Меморандум до Канцеларијата на великиот везир со барање за издавање весник во Цариград „на чисто македонски дијалект“ под името „Македонски лист“. Во образложението, меѓу другото, навеле: „Би изнел пред широката јавност дека нашата татковина нема ништо општо со Бугарите, ниту пак со другите државици, и затоа би проповедал избегнување и строго предупредување на нивните интриги.“

Исто така, 26 јули 1887 година, заедно со К. Групчев, В. Карајовов и Т. Попов, испратиле Меморандум до дипломатските претставници на големите сили во Цариград против освојувачките стремежи на балканските монархии кон Македонија. Во него меѓудругото се вели: „Оваа состојба не може да има други последици, освен да го држи општиот мир во постојана тревога, а нашата татковина да ја застрашува со катастрофа, –  за да се искорени тоа треба да се искоренат тие илузии на речените државици, а тоа може да го направисамо македонското население, кое треба да му објави на светов дека е исто посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаии дека нема ништо општо со околните државици. – Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија.И таа им останува на Македонците,“

Во 1888 година, Наум Евро подготвил и буквар на македонски јазик за училиштата во Македонија, но тој останал во ракопис, бидејќи српскиот амбасадор во Цариград Стојан Новаковиќ го прифатил букварот и јазикот на Милојко Веселиновиќ. Исто така, заедно напишале и полемичен спис за книгата на Офејков (А. Шопов) „ La Macеdoine“ во 1887 година, но останал необјавен.

Наум Евро поради болест се вратил во Струга пред 6 Октомври 1888 година. Починал кон крахот на XIX век.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top