Македонски легенди

Симеон Кавракиров

1kirj1

1kirj1

Симеон Кавракиров (16. XI 1889 – 14. VI  1934) е македонски револуционер, раководител на ВМРО(Об) и член на БКП (т.с.). Поради својата активност бил прогонуван и затворан од  властите. Во ВМРО(Об) бил секретар на Обласниот комитет за Бугарија од 1928 г. и раководител на III револуционерна област – Пиринскиот дел на  Македонија  од 1929 г. Во јуни 1932 г. бил киднапиран од политичките противници и, по долго измачување, бил убиен.

Симеон Кавракиров е роден на 16 ноември 1889 година во Солун, во семејство на Христо и Велика Кавракирови. Потекнува од богато семејство и ужива големо влијание и авторитет во македонските кругови. Татко му и сите членови на ова семејство биле активни дејци во ослободителната борба на македонскиот народ. Речиси целото семејство било посветено на образованието. Неговите браќа и сестри биле учители.

Се образувал во родниот град, а во 1919 година се преселил во Софија каде што студирал право на Софискиот универзитет. „Гледајќи ја сликата на страшните страдања на македонската емиграција, гледајќи ја политиката на грабеж и угнетување, како на балканските буржоаски влади, така и на целиот империјалистички свет кон Македонија – тоа не можело а да не влијае на неговата душа, на неговите сфаќања и како интелигентен човек негува прогресивен ум, прогресивни сфаќања, прогресивни идеи за ослободителната борба на македонскиот народ.“

Во 1920 година станал член на Бугарската комунистичка партика – тесни социјалисти (БКП – т.с.) и Емигрантскиот комунистички сојуз. Од 1924 година работел во Пловдив каде раководел со месниот комитет на БКП и воената организација. По провалата на организацијата во мај 1925 година бил уапсен и осуден на една година затвор. 

По решението на БКП, влегол во ВМРО (обединета) и од 1929 година бил секретар на Обласниот комитет на организацијата, а од 1929 година раководител на третата револуционерна област (Поринска Македонија). Под псевдонимот Павел работел на формирање на групи на ВМРО (об.) на територијата на Пиринска Македонија.

Симеон Кавракиров имал добар глас и пеел во хорот на блиската црква „Св. Света Септуагинта“, а како вработен во Народниот театар и во хорот на Операта.

Неговата акивност во Пиринскиот дел на Македонија, била спротивставена за делувањето на ВМРО на Ванчо Михајлов. На 8 јуни 1932 во Софија бил киднапиран од луѓе на ВМРО по наредба на Иван Михајлов и со автомобил бил однесен во непознат правец. По две години долго измачување, при обид за бегство бил убиен. Имал само 35 години кога умрел.

Симеон Кавракиров  починал на 14 јуни  1934 година во Семково, Рила, Бугарија.  Погребан е на Централните софиски гробишта.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top