Македонски легенди

Деспот Баџовиќ

1lio1

1lio1

Деспот Баџовиќ (1850 – 30. XI 1932) бил македонски оптественик, книжевник и револуционер кој работел во последната четвртина од 19 век. Во 1874 година напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Заедно со Тодор Станковиќ од Ниш и Коста Шуменковиќ од Охрид, протестирале пред Константинополската конференција поради вклучување на речиси цела Стара Србија и Македонија во Сан Стефанска Бугарија.

Деспот Баџовиќ е роден во 1850 година. во Крушево во мијачко семејство. Во шеесетите години на 19 век учел во II одделение на Белградската богословија и како српски воспитаник се вкличил во делувањето на српската пропаганда во Македонија.

Во 1873 година станал учител во Битолската патријаршиска школа, а во 1874 година порадо неразбирање на српскиот јазик од страна македонските деца, се пројавил  како учебникар. Напишал и објавил Буквар за српско-македонско основно училиште. Имено тој е потписник на букварот за македонските училишта „Букварот за основните македонски училишта во Турското Царство“, кој бил напишан на дијалект на македонскиот јазик.

По српско-турската војна во 1876 година, заедно со Тодор Станковиќ од Ниш и Коста Шуменковиќ од Охрид, протестирале пред Константинополската конференција поради вклучување на речиси цела Стара Србија и Македонија во Сан Стефанска Бугарија.

Во 1878 година пристигнал во Србија, каде од Врање и Белград наставил да се бори за ослободување на Стара Србија и Македонија. Како одговор на проектот за Сан Стефанска Бугарија, тој напишал памфлет На која славјанска гранка им припаѓаат Славјаните во Горна Албанија и Македонија,

За време на Втората српско-турска војна (1877-1878), заедно со Тодор Станковиќ, Милош Милојевиќ, архимандритот Сава Дечанец, Аксентије Хаџиарсич, Кост Шуменковиќ и Глигориј Чемерикиќ го формира Нишкиот комитет, револуционерно здружение и револуционерно друштво. кое имало за цел  ослободување на југоисточна Србија.

Во овој период Деспот Баџовиќ контактирал со повеќе македонски дејци меѓу кои со Темко Попов и Ѓорѓи Пулевски. За време на Кресненското (Македонско) востание (1878 -1879) тој бил спремен со луѓе да дојде и да се бори за ослободување на Македонија. Меѓутоа, во писмото што му го испратил војводата Пулевски на 8 јуни 1879 ходина, се вели:   

„ ..Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дујде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не самон азе, тук всите верувахме и бехме готови да мреме; или свобода, или смрт-трето нема. Ама не било така.Едно мислел волкот, а друго увчарот.

Неколку дена напред дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, как искаш доброволец и ветиш 1000-2000 доброволци. Тое јет убао и преубао. Ама азе кја ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода  на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, кујшто е Македонец, ама повеќе тегли на болгарско.

Кја ти кажа, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим уф Турцко и се бијаме за нашата слобода, ама не пуштает. Кладоја огон и сега искет поекје тревога пред Јевропа, Еве мојте војници се растурају полека, а и азе немат шчо да чекам.

Ако наистину имеш 1000 до 2000 добоволци, моли сербската влада да помогнит, есапа почиовечни сет. Тугај и јазе сос чета кја дојда, а и друзите кја кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север.

Писмово мое не го давај никуму, да не го најдите црнокапецот Натанаил.

Јави ми да зема со време мерки!“

Во 1885 година Деспот Баџовиќ го издал национално-политичкиот панмфлет „Искрена реч Србо-Македонцима“.  Како секој Македонец што завршил училиште во некоја странска земја и тој си ја проколнувал судбината што бил орудие на една пропаганда, чии цел била спротивна на интересите на неговата Македонија. Па често пати знаел да зборува за „македонски Славјани“, Самуиловото царство го нарекува „чисто славјано-македонско“, додека самиот повеќепати за него и за македонскиот народ го употребува терминот „ние самите Македонци“. Тој со своите произнесувања за Македонците и Македонија, за нивната разлика од другите, јасно ги диференцира нив како одделен народ од останатите на Балканот..

Деспот Баџовиќ починал на 30 ноември 1932 година во Владичин Хан, Кралство Југославија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top