Македонски легенди

Даскал Камче

1akmm

1akmm

Даскал Камче (1790 – 1848), е македонски преродбеник, учител и печатар. Тој со помош на ваташкиот трговец Јовко Марков, ја создал една од првите печатници во Македонија. Според непотврдени известувања, во неа биле напечатени книшки со изреки, меѓу кои и првото книжевно дело од неговиот пријател Јордан Хаџи Константинов-Џинот „Таблица перваја“, Камче често одел на Св. Гора и водел групи од разни македонски краишта, кои оделе да се поклонат и да се восхитуваат на многубројните манастири на Атос, што е прв познат пример на црковен туризам во Македонија.

Камче Наков Попангелов, познат како Даскал Камче, е роден околу 1790 година во селото Корешница, близу Демир Капија, во Тиквешката околија. На почетокот на XIX век неговото семејство се преселило во тиквешкото село Ваташа. Камче покажувал големе љубов кон книгата, но неговиот татко неможел да плати 60 пари на месец за да се образува во селското училиште. Затоа тој бил принуден сам да се образува, бил самоук. Откако го совладал писмото, Камче се истакнал како добар певец во ваташката црква.

Камче престојувал во Србија од каде ја набавил учебникарската литература и станал селски учител, Со кратки прекини работел како учител во Ваташа до крајот на животот. Поради својата дејност го добил прекарот – даскал. Како учител го предводел народното незадоволство против грчкото свештенство, се залагал за изградба на ново училиште одвоено од патријаршиската црква и употребата на славјанскиот јазик. Бил близок со Теодосиј Синаитски.

Исто така, во текот на 1827/1828 година Камче престојувал една година на Св. Гора, каде што добро го научил грчкиот јазик. По враќањето станал таксидиот на светогорските манастири во Тиквешијата. Преданијата говорат дека Камче често одел на Св. Гора и водел групи од разни македонски краишта, кои оделе да се поклонат и да им се восхитуваат на многубројните манастири на Атос, во кои се чувале толку многу споменици од стари времиња. Всушност тоа е прв познат пример на црковен туризам во Македонија.

Ваквата работа ќе го натера Камче да стане некој вид писател. Тој си го сакал својот мајчин македонски јазик и за да им го олесни престојот, разгледувањето и снаоѓањето по манастирите, даскал Камче за македонските поклоници составил еден „Опис“на светогорските манастири. За таа цел тој превел некој грчки текст на славјански (македонски) јазик и додал свои дополненија, особено за главните славјански манастири.

Во 1836 година со помош на Јовко Марков и Тедосија Синаитски отворил печатница во Ваташа, една од првите во Македонија. Печатницата која била набавена од Белград и сместена во неговиот дом, работела една година. Во неа се печателе мали книшки се до нејзиното откривање од страна на грчкото свештенство. Сепак, таа навреме била префрлена во Солун, каде под раководство на Теодосиј Синаитски работи од 1839 до крајот на 1842 или почетокот на 1843 ходина, кога изгорела во пожар.

По отварањето на печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун, Камче му го дал ракописот  на својот „Опис“ да го напечати. .Во 1839 година папа Теодосија го отпечатил „Краткопт опис на дваесетте манастири во Света Гора Атон“, чиј автор е веројатно Даскал Камче. Тогаш веројатно се создаваат првите врски меѓу печатарот Теодосија и даскал Камче.

По пожарот во печатницата на Теодосиј, според Арсени Костенцев остатоците биле однесени од Камче во Ваташа. Во 1847 година Даскал Камче и Јовко Марков повторно се договориле за отварање на печатницата која би печатела книги на славјански (македонски) јазик. Со поддршка на Јовко Марков, Даскал Камче купил за печатница славјански букви од Белград.

Се претпоставува дека во печатницата во Ваташа биле печатени и книги, но не се зачувани примероци. Според непотврдени известувања, во неа биле напечатени книшки со изреки, меѓу кои и првото книжевно дело од неговиот пријател Јордан Хаџи Константинов-Џинот „Таблица перваја“, напишана според „Ижице први дарови“ од Доситеј Обрадовиќ. Таблицата е печатена во две колони на еден лист со големина од 44 цм должина и 32 цм ширина, опкружена со ѕвездички, со намена за закачување на ѕид за да читаат учениците.

Печатницата им сметала на грчкото свештенство, кои биле против воведувањето славјански јазик во богослужбите, како и на печатење на книги на славјански (македонски) јазик за потребите на црковно-училишните општини.

Овој проблем на грчкото свештенство ќе го снема по смртта на Даскал Камче во 1848 година.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top