Македонски легенди

Христо Калајџиев

1fed

1fed

Христо Калајџиев (28. Ⅷ 1886 – 26. Ⅳ 1964) е македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење и на Бугарската комунистичка партија (БКП). Во 1919 година бил член на БКП задолжен да дејствува меѓу македонската прогресивна емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија. Бил апсен, затворан и интерниран во концентрациони логори. Постоењето на македонската нација го сметал за факт, но по Резолуцијата на ИБ во 1948 година се солидаризирал со големодржавната политика на БКП.

Христо Константинов Калајџиев  е роден на 28 август 1886 година во Ениџе-Вардарско, Егејскиот дел на Македонија. Се образувал во Скопје, Сер и Солун. По завршувањето на мапката гимназија во Солун, извесно време работел како учител во Турската империја, во Источна дел на Македонија, каде развивал револуционерна дејност како член на Македонската револуционерна организација. Потоа се префрлил во Бугарија, каде развивал активна дејност меѓу македонската емиграција и македонското население во Пиринскиот дел на Македонија .

Во 1919 година Христо Калајјиев станал член на БКП, а меѓу 1925 и 1927 година бил член на Извршното биро на ЦК на БКП. Тој исто така бил меѓу основачите на Работничката партија и го уредувал нејзиниот печатен орган „Работническо дело“ (1927-1928). Во меѓувреме, тој бил член на Сојузот на македонските добротворни братства и на ВМРО (обединета), каде што дејствува заедно со Борис Михов, Темко Темков и Александар Мартулков. Во периодот 1927-1931 година бил пратеник во XXII народно собрание на Бугарија.

Во 1935 година бил уапсен и суден според Законот за заштита на државата заедно со другите членови на ВМРО (Обединета). Бил осуден на 5 години затвор и парична казна од 50.000 лева. Во затвор бил од 1935 до 1938 година. Во 1941 година бил испратен во политичкиот работен логор „Крстопол“ или „Еникој“ кај Ксанти, каде што останал до 1943 година. Во 1943 година станал член на Регионалниот комитет на Отечествениот фронт во Софија.

По државниот удар на 9 септември, во Софија го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“. Потоа бил назначен за претседател на Сојузот на македонските културно-просветни организации и бил назначен за потпретседател на Македонскиот научен институт заедно со Георги Кулишев и претседателот Димитар Силјановски.

Помеѓу 1944 и 1945 година, Калаиџиев бил приврзаник за создавање на единствена обединета Македонија. Во својата книга „Федерална Македонија и великобугарскиот шовинизам“, објавена во 1945 година, Калаиџиев ја брани „македонската нација“ и „македонски јазик“:

„Но, постои едно прашање што ги тера тука луѓето да се мрштат, да прават кисели лица и да бидат запрепастени. Тоа е прашањето на македонската нација. За ова прашање реков: македонската нација е еден јасен, цврсто утврден факт во денешната македонска реалност. И во животот не е важно што било, туку што е денес. Најпакосна, најнереална политика е да сакаш да ја смениш денешната реалност заради историјата…Точно е дека Македонците некогаш биле заедно со Бугарите во црковната борба. Но, точно е и дека Македонците живеат одделен живот повеќе од 60 години. Точно е дека во тоа време живееле самостоен политички живот и се стремеле кон посебна држава. Точно е дека дадоа илјадници жртви во борбата против освојувачката политика на балканските земји, дека за време на нивната окупација за време на војната уште повеќе се оддалечија од нив поради безобзирните тамошни режими, а денешната војна и злосторствата на Бугарските фашисти таму конечно ги формираа Македонците во посебна нација. …

Многумина се мрштат дека јазикот бил груб. Да, груб, како и секој друг јазик во својот почеток. Нели бугарскиот јазик бил груб во времето на Каравелов и П.Р.Славејков? Јазикот е прашање на долга еволуција и навика на увото, како и на чувствата со кои се однесувате кон него.”

Но, по Резолуцијата на ИБ во 1948 година, наполно се солидаризирал со големодржавната политика на БКП. Во периодот на промените во политиката за македонското прашање и влошувањето на бугарско-југословенските односи, кога луѓе заради промакедонски или пројугословенски позиции во Бугарија биле оптужени за југословенски агенти и ликвидирани. Калјџиев за да го избегне прогонот застанал на страната на пробугарските позиции.

Помеѓу 1958 и 1964 година бил член на ЦК на БКП и претставник на народот.

Добитник е на орденот „Георги Димитров“ (1958, 1959, 1961).

Христо Калајџиев починал на 26 април 1964 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top