Македонски легенди

Димитар Поп Ефтимов

1efr1

1efr1

Димитар Поп Ефтимов (20.10.1890 –25.11.1961) е општественик, учител и новинар, деец на левицата на македонското ослободително движење, член на БКП и КПЈ. Eмигрирал во Бугарија. Работел како учител во Варна и бил претседател на македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. По ослободувањето на Македонија, Поп Ефтимов бил еден од четворицата автори на првиот буквар на македонски литературен јазикг издаден во Скопје во 1945 година. Тој бил еден од основачите на Зрдужението на македонските новинари во февруари 1946 година. Но, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија.

Димитар Поп Ефтимов е роден на 20 октомври 1890 година во Ресен. Влегол во Македонската револуциопнерна органзација. Емигрирал во Бугарија и се населил во Варна. Таму работел како учител и бил претседател на Варненското македонско културно-просветно друштво „Гоце Делчев“. Исто така бил и главен редактор на весникот „Македонска правда (1933 – 1934).

Во текот на Втората светска војна, бугарските окипаторски власти го поставиле за училишен инспектор во родниот Ресен. 

По ослободувањето на Македонија, во 1945 година, Поп Ефтимов заедно со Спасе Чучук, Васил Куновски, Јордан Кираџијски и Јонче Јосифовски го пишуваат во Скопје првиот буквар на македонски литературен јазик. Тој бил еден од основачите на Здружението на македонските новинари на 17 февруари 1946 година и бил избран за почесен член.

Се до промената на политиката на Софија, Поп Евтимов сведочи за македонскиот идентитет. Меѓудругото говори дека пред 100 години името „бугарин“ во Македонија не било етничка ознака и дека истото е наметнато со Егзархијата. Како што вели: „Крајна цел на Егзархијата била побугарување на цела Македонија.“, притоа го споделил сведоштвото дека пред еден век, се случувало – „во една иста куќа, таткото се чувствувал чист Хелен (Грк), синот како Бугарин, а чичкото или вујкото – прави Срби“. Тоа значи дека во Македонија, „бугарин“, „грк“ и „србин“ не биле етничка определба, туку црковна или политичка определба.

Во однос на Македонската православна црква, тој меѓудругото ќе напише: „ (Македонската црква) секогаш била со народот во најсреќните, како и во најтешките минути од неговиот живот… Така било во времето на св. Климент, кога црквата и народот претставуваа една целина – еден ум, една душа, едно срце, една волја, кога народот беше црква, а црквата – народот. Така било во времето на Самуил Велики и неколку децении пред него, кога македонското свештенство, за да го спаси народот…создаде нова македонска црква… Така беше и таква остана – прогресивна, бунтовничка, револуционерна македонска црква и во ерата на нашата преродба, кога стана непоткуплива стража, бестрашен знаменосец на борбата за црковно-училишна слобода и еднаквост…

Таква била и таква останала Македонската црква за време на епохалните револуционерни борби на македонскиот народ, предводени од титаните на македонската револуција Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо х. Димов, Даме Груев, Пере Тошев и др. и кога со својата крв ги испишаа најславните страници на македонската револуција. Во овие борби македонскиот свештеник, во едната рака со крстот Господов, со камата и револверот – во другата, ги крстосуваше селата и градовите заедно со најистакнатите апостоли на нашата слобода, проповедајќи ја новата револуционерна религија, крштевајќи во името на новата револуционерна вера и заклетва во неверување во сите други вери кои се спротивставуваат на догмите на новото, вера во неизбежната крвава, но славна револуција.“

Меѓутоа, поради неодобрување на актуелната политика на Белград во Македонија, тој повторно заминал во Бугарија.

Димитар Поп Ефтимов починал во Варна во 1961 година.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top