Среда, 21 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Климент В. Заров (револуционер)

3le1

Климент В. Заров (1848 – 1915) е деец на македонското револуционерно движење. Тој е борец за обновување на Охридската архиепископија и бил член на ученичкото просветно друштво „Св. Климент“ (1885), на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891), на Македонскиот таен комитет во Софија и член на Македонската револуционерна организација (1894). Собирал помош за охридските училишта и библиотеки, заради што патувал во Бугарија (1887 и 1889–1890), Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890). Познат бил под псевдонимот Чучулејков и го изготвил проектот за знамето на охридските востаници. Убиен е од српските воени окупациони војски „некаде кон Дебар“.

Климент В. Заров е роден во 1848 година во градот Охрид, во семејството на трговецот Велјан и Деспина Зарови. Потекнува од многу старото охридско семејство Зарови (Зариови), кое го споменува преродбеникот Кузман Шапкарев.

Во борбата на македонскиот народ против Цариградската патријаршија, започната кон средината на 19 век, со цел да се спречи погрчување на населението, Климент се залагал за обновување на Охридската архиепископија и бил активен актер против пропагандите во Македонија.

Во 1885 година станал член на ученичкото просветно друштво „Св. Климент“, а на ден Илинден 1886 година, во неговиот дом во Горна Порта во Охрид, тој и дел од членовите на студентското и просветно друштво „Свети Климент“ Антон Кецкаров, Лев Огненов, Никола Пашов, Никола Чудов, Јаким Деребанов, Иван Лимончев и Анастас и Христо. Маџарови учествуваа во создавањето на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891).

Членовите на кружокот ги обиколуваат селата во Охридската каза и агитираат меѓу населението да отворат училишта и поактивно да ја користат привремената дозвола на османлиските власти за да се вооружат против албанските разбојници кои во тоа време биле раздвижени.

Заров бил член и на Македонскиот таен комитет во Софија. Друштвото „Свети Климент“ го испртиле Климент Заров во Софија да формира огранок меѓу охриѓани со цел да ги поддржи сиромашните ученици со учебници. Покрај Бугарија (1887, 1889-1890), Заров патувал во Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890) за да собира донации за охридските училишта.

Во 1887 година во Софија ја објавил „Карта на градот Охрид и неговата околина“, чиј автор е и тој.

Климент Заров влегол во Македонската револуционерна организација уште во 1894 година. Кон крајот на 1901 година бил избран за член на Охридскиот околиски револуционерен комитет. Заров го подготви проектот за знамето на охридските востаници, кое денеска се чува во Националниот воено-историски музеј во Софија. Според Антон Кецкаров, знамето на охридската револуционерна организација, го изработил Климент Заров со димензии 105,8 на 79 см, а везилки на знамето биле учителките Поликсена Масин, Василка Размова, Клија Самарџиева и Костадинка Настева-Бојаџи.

Инаку, Климент се занимавал со трговија и поседувал фабрика за преработка на риба што се продавала во Отоманската империја, Бугарија, Србија, Австрија и на други места.

Кон крајот на месец јули 1912 хпдина,  Климент Заров бил избран за претседател на Бугарската матица во Охрид, а во 1915 година бил убиен од српските власти на патот Охрид-Дебар.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.