Македонски легенди

Петар Драганов

1dre1

1dre1

Петар Даниилович Драганов (1/13. II 1857 – 7. II 1928) е бесарапски Бугарин, руски славист, педагог и основоположник на македонистиката во Русија. Тој ја истражува историјата, јазикот, литературата, фолклорот, етнографијата и културата на Македонија и со посредство на своите ученици (и од учениците од другите градови) собира богат фолклорен, јазичен и етнографски материјал, од кој потоа го објавува првиот (од трите дела) зборник македонски епски народни песни со македонско национално обележ је „Македонско-славянский сборникъ  съ приложениемъ словаря“.

Петар Даниилович Драганов е роден на 1 февруари 1857 година во Комрат, По потекло тој е Бугарин од Бесарабија во руска служба. Со основното образование се здобил во Комрат (1875), а со средно во Кишинев (1875–1877) и Харков (1877–1880). Потоа се запишал на Историско-филолошкиот факултет (славјанскоруска филологија) на Харковскиот универзитет (1880–1882), а високото филолошко образование го завршил со кандидатски степен на Универзитетот во Санкт Петербург (1882–1885). Заради лично усовршување, десетина години подоцна дипломира и на Археолошкиот институт на РАН во Петербург (1898).

Со оглед дека од почетокот на 1883 година добивал студентска стипендија од Софија, година дена по дипломоирањето, Бугарската егзархија од Цариград го назначила „како специјалист-славист на должноста учител по црковнословенски јазик и по општа историја во Солунската гимназија и од март 1885 гидина, Драганов веќе бил во Солун, Македонија, каде имал блиски врски со локалниот руски генерален конзулат.

1dre12

Во периодот од 1885 до 1887 година, во двете учебни години, по препорака на својот професор Ламански, Драганов ја истражувал историјата, јазикот, литературата, фолклорот, етнографијата и културата на Македонија. Со помош на своите ученици од разни градови во Македонија (Скопје, Битола, Воден, Кукуш и др.) собрал богат фолклорен, јазичен и етнографски материјал, од кој потоа го објавил првиот (од трите дела) зборник македонски епски народни песни со македонско национално обележје „Македонско-славянский сборникъ  съ приложениемъ словар“. Подготвувал „Материјали за етнографијата, за статистиката и за дијалектологијата на современата Македонска провинција“, но тие останале главно непубликувани.

Според Драганов, Македонија претставува посебна етнографска област на Балканот, а славјанските македонски јазици претставуваат самостоен македонски јазик. Според некои автори, Драганов со своите публикации ги поставил темелите на македонистиката во Русија.

По враќањето од Солун учителствува во гимназиите во Комрат, Севастопол и во Кишинев (1887– 1895), а потоа станал помошник библиотекар и раководител на Одделението за славјански книги во Публичната библиотека во Санлт Петербург (1896–1904); а потоа одново стапил на служба во просветата како учител, инспектор и директор во средните училишта во Астрахан, с. Ровное, во Кагул, во Комрат и во Болград до пензионирањето (1904–1926).

Петар Даниилович Драганов починал на 7. II 1928 година во Комрат.

1Tihomir (подготвил Т. Каранфилов)

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top