Среда, 02 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Крсто Захариев

1sl9

Крсто Захариев (1860- 27.VIII.1899) е ајдутин и македонски револуционер. член на  Македонскиот комитет. Бил помошник војвода на Стојо Костов и со четата учествувал во Мелничкото востание во 1895 година. Во мај 1897 година, учествувал во неколку престрелки со турскиот аскер, во кои бил ранет Јане Сандански. Истата година, по налог на Гоце Делчев, формирал агитациона чета со која заминал за Македонија, но таа не ги оправдала очекувањата.

Крсто Захариев или Зарев е роден во 1860 година во серското село Ореховец, Егејскиот дел на Македонија. Поради тешките робски услови кои владеат во тогашната Отоманската империја, тој станал ајдутин и помошник војвода на Стојо Крстев, со кого десет години крстосувал по Пирин Планина и Боздаг. Крсто со неговите другари не жалејќи ги своите животи ги гонел душманите и го заштитувал мирното население, кое ќе го слави и ќе му испее песни.

Захариев се населил во Дупница и учествувал во акции на Македонскиот комитет, раководно тело на македонските емигрантски друштва. 

Во 1895 година заедно со војводата Стојо Костов учествувал во Мелничкото востание или Четничката акција на Македонскиот комитет. По палењето на Доспат, заедно со војводата и 15 други ајдуци, се одвоиле од четата и отишле во Серско да киднапираат богат Турчин од Алистрат. За време на нападот на домот во месец август, војводата Дедо Стојо бил убиен, а четата се растурила. Помошникот војвода Захариев се вратил, повторно го нападнал чифликот, го исецкал телото на војводата на ситни парчиња и ги расфрлал низ полето за да не може да се дознае за смртта на стариот војвода, од чие име се плашеле сите Турци во регионот.  

Во 1897 година во Дупница, по повод Грчко-турската војна, бил формиран одред на Врховниот комитет, под раководство на Крсто Захариев, составен од триесетина четници, во кој бил вклучен и Јане Сандански. Најсериозен судир на оваа чета со турските војници бил околу селото Пирин, во месноста Дебели Рид. По еднодневна битка со околу 150 аскери, четата се повлекла без ниту еден убиен или ранет четник. Следела втора битка против околу 250 души аскер, која исто така завршила без загуби за водот. Кај селото Лопово четата повторно била изненадена од турскиот аскер, а во битката што избила загинал еден четник, додека Јане Сандански бил ранет во раката.

Во мај 1897 година, по налог на Гоце Делчев, Захариев формирал агитациона чета во Бугарија и заминал за Македонија. Групата која била составена од 25-30 луѓе, од Дупница тргнала во правец кон долината на Струма. Но таа не ги оправдала очекувањата и по неколку престрелки со турските потери се вратила назад.

Крсто Захариев или Зарев загинал на 27 август 1899 година на пат за Бугарија во битка со турскиот аскер во Мелничко, кај влашките колиби во Лопово. Заедно со него загинал и неговиот брат Иван Захариев, како и неговиот другар Стојан Ангелов од Решково. Современиците говорат дека тие ја пролија својата крв пред олтарот на татковината поради предавството на поранешен комита од село Капатово.

1TihomirПодготвил: Т. Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.