Среда, 09 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Никола Мушмов

1in1

Никола Мишмов (14.V.1869 – 31.I.1942) e нумизматичар, родум од Струга, работел во Народниот музеј во Софија. Тој го пручувал монетоковењето на повеќето балкански монетарници во античкиот и во средновековниот период. Публикувал разни каталози и прилози од областа на нумизатиката. Во 1912 година го објавил својот каталог „Древните монети на Балканскиот Полуостров“. Бил еден од основачите и најеминентните нумизматичари на Бугарија.

Никола Мушмов е роден во Струга на 14 мај 1869 година во семејството на Анастас Мушмов, градоначалник на Струга. Следел неколку семестри политички науки на Сорбона во Париз. Но поради недостиг на средства ги прекинал студиите и заминал за Бугарија, каде биле поддржувани македонските емигранти. Така тој ќе стане дел од плеадата Македонци образувани во странство кои ќе помогнат во создавањето на бугарската интелигенција кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

Во јули 1898 година, Мушмов бил делегат на македонското друштво во Провадија на петтиот конгрес на Македонската организација.

Сепак неговите интереси го водат на полето на музејската работа. Долги години работел како секретар-сметководител (1894-1918) на Народниот археолошки музеј. Во 1918 година бил назначен за кустос на Нумизматичкото одделение, а од 1928 до 1931 година бил и директор на Народниот музеј.

Благодарение на неговиот карактер, талент и добри контакти, тој успеал да зачува за музејот голем број извонредни монети богатства (Девненско, од Базарут, Николаево) и неколку големи приватни збирки (Васил Аврамов и др.).

За да ја објави во 1912 година својот познат каталог „Древните монети на Балканскиот Полуостров“ (сега библиографска реткост), Мушмов ја ставил под хипотека својата куќа во Софија. Никогаш не успеал да ја врати својата инвестиција поради хиперинфлацијата од војните. Во овој каталог тој на преку 500 страници забележал повеќе од 7.600 видови монети кои најчесто се наоѓаат во овие краишта од антиката и средниот век, ковани во Дакија, Мизија, Тракија, Пајонија и Македонија. Постојат кратки извештаи за монети во Атина кои слободно кружеле низ Балканскиот Полуостров. Тој пишува и за разликата меѓу оригиналот и имитацијата, како и фалсификуваните монети ковани низ вековите во овие краишта.

Мушмов е автор на 6 монографии и на над 90 научни написи. Сепак овој исклучителен труд на Никола Мушмов „Древните монети на Балканскиот Полуостров“, заедно со неговите истражувања за ковањето монети во Сердика (Софија), Филипопол (Пловдив), Марчианополис (Девнија) и многу други, го направија основоположник на нумизматичката работа во Бугарија и му даде европска слава уште пред еден век.

Никола Мушмов е основачки член на Бугарскиот археолошки институт во 1920 година, на Историското друштво во Софија, на Француското научно нумизматичко друштво, на Австриското нумизматичко друштво, на романското друштво и други. Основачки член е на Македонскиот научен институт во Софија во 1923 година.

Никола Мушмов на крајот од животот го загубил видот. Починал во Софија на 31 јануари 1942 година.

1Tihomir Тихомир Каранфилов

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.