Среда, 23 Ноември 2022    PDF Печати Е-пошта
Анастас Зограф

                                       1ale1

Анастас Зограф е македонски  зограф од XIX век. Негови први потпишани икони се во црквата „Св. Богородица“ во селото Бела Црква кај Крушево кои датираат од 1826 година. Потпишувајќи се на грчки и на црковнославјански јазик, иконите на Анастасиј се следат до 60-тите години на XIX век. Во литературата се именува и како Атанас. Неговите синови Вангел, Коста (Костадин) и Никола Анастасови се едни од најплодните зографи во обновените или новоизградени цркви од втората половина на XIX век. Најчесто сите заедно или одделно работат на ѕидното сликарство и на иконописот. Нивните потписи се среќаваат во црквите во Прилепско, Демирхисарско, Крушевско, Кавадаречко, но и на територијата на денешна Грција.

Анастасиј (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич е македонски зограф од XIX век, роден во Крушево, за време на владеењето на Отоманската империја. Неговите први потпишани икони  се во црквата „Света Богородица“ во селото Бела Црква кај Крушево во 1826 година. Работел заедно со своите синови Коста, Вангел и Никола до 1870 година. Неговите икони потпишани на грчки и на црковнославјански јазик се следат до 60-тите години на XIX век, особено во Гевгелиско, Кавадаречко и во Западниот дел на Македонија.

Неговите синови Вангел, Коста (Костадин) и Никола Анастасови се едни од најплодните зографи во обновените или новоизградени цркви од втората половина на XIX век. Најчесто сите заедно или одделно работат на ѕидното сликарство и на иконописот. Овие зографи сликаат брзо и создаваат повеќе дела. Но.тие се на ниво на занаетчиска исполнителност.

Нивните потписи се среќаваат во црквите во Прилепско, Демирхисарско, Крушевско, Кавадаречко, но и на територијата на денешна Грција. На икона на Свети Мина во црквата Свети Мина во кавадаречкото село Гарниково, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописец од село Крушево лето 1840 година“. Во 1842 година заедно со помошникот Наум го слика фрескоживописот во црквата „Свети Никола“ во мегленското село Ошин.

Во 1868 година слика дел од иконите за „Успение Богородично“ во Крушево. На иконата на свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.“  Натписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ staѧ an icon nadadeѣettu apostolsiya правиціа дулћерски мастори міѧтиодид міѧтыды на темплементот на духовен пример спасение и вечен спомен на иконописецот Анастасов м. 20 јуни 1870 година.“ Во женската црква е иконата Воведение на Богородица, на која е испишано „Исъ рукі Анастасови Иса руки Анастасови 3: 1868“.

Во 1876 година работи со Николај Михаилов на фреските и иконостасот во црквата „Рождество на Богородица“ во Бучин.

Во 1888 година, Анастас со синовите Вангел и Никола ја сликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.

Негова икона без датум има во манастирската црква „Свети Архангели“ во прилепската населба Варош. Нејзиниот натпис гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево “. Негови икони се „Успение Богородично“ во Злетово, во „Света Троица“ во Горно Трогерци и во „Успение Богородично“ во Неманици се исто така негови.

1TihomirПодготвил. Т.К.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.