Среда, 14 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Мире Анастасов

off.net.mk-18110 Голи Оток

Страшимир (Мире) Анастасов - Ристо (9 X.1910 - 1998) е македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба. Близок бил со Павел Шатев и чија иницијатива, за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, се преселил во Софија, каде бил вклучен во активностите на советската разузнавачка служба. Во 1949 година бил уапсен и обвинет како инфорбировец, а казната ја издржувал во логорот Голи Оток. Според извештајот на ЦИА од 1949 година Мире бил „верен син на работничката класа и македонскиот народ“.

Страшимир (Мире) Анастасов е роден на 9 октомври 1910 година во Кратово.

Во 1927 година станал член на СКОЈ (Сојузот на комунистичката младина на Југославија) и раководел со локалната организација во Куманово. Во наредната година станал член на КПЈ (Југословенската комунистичка партија).

Во 1929 година била провалена партиската организација во Македонија и Анастасов бил уапсен и затворен. Меѓу 1934 – 1935 година, Анастасов повторно бил затворен, Тој бил осуден на 3 години затвор кој ги издржувал во Сремска Митровица, каде коминистичкото раководство се поделило на два дела. Првото ги застапувало ставовите на Петко Милетиќ, а второто на Јосип Броз Тито. По излегувањето Анастасов бил привремено суспендиран поради ставот во врска со ликвидацијата на фракцијата на Петко Милетиќ.

За време на Втората светска војна и бугарската окупацијата на Македонија, на иницијатива на Павел Шатев кој му бил близок пријател, Анастасов се преслил во Софија. Таму бил вклучен во активностите на советската разузнавачка служба. Во 1943 година бил осуден на смрт од страна на „бугарскиот монархистичко-фашистичкиот суд“, но подоцна казната му била преиначена во доживотен затвор.

Меѓутоа, по превратот во Бугарија, изврпшен на 9 септември 1944 година, Атанасов бил ослободен и станал политички комесар на бригадата „Гоце Делчев“. формирана на 11 септември (официјално 14 X. 1944). Бригадата која броела околу 4900 борци била формирана од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици. Веднаш по формирањето, батаљон по батаљон биле упатувани во Македонија. По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во Деветнаесеттата, Дваесеттата и Дваесет и првата македонска НО бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион.

На 26 октомври 1944 година Атанасов бил повикан да земе учество во управување со идната република, а на 27 октомври 1944 година бил кооптиран за член на АСНОМ и се вклучил во неговиот Втор президиум како претседател на Врховниот суд.

По Втората светска војна, во периодот 1946-1948 година, тој е првиот југословенски амбасадор во Белгија и Луксембург. На оваа должност останал три години, до 1948 година, кога бил отповикан од амбасадорската функција.

По Резолуцијата на Информативното биро од јуни 1948 година, иако отворено не ја напаѓал Комунистичката Партија на Југославија, Анастасов бил деградиран во помошник министер на македонското министерство за труд. Во 1949 година бил уапсен и обвинет како инфорбировец и казната од пет години ја издржувал во логорот Голи Оток, каде останал до 1954 година. Иако причината не била наведена, се сметта дека тој бил остранет поради конфликт со Лазар Колишевски, бидејќи не ја прифатил неговата оценка дека Методи Шаторов е предавник. Исто така, се наведува уште една причина, неговите врски со советските разузнувачки служби. 

1legd1

Сепак, има уште една претпоставка, а тоа бил поради предвоениот став во врска со спорот меѓу Петко Милетиќ  и Јосип Броз Тито. Имено, постои декласифициран документ на ЦИА од 1949 година, во кој се повикува на пишувањата на антититоистичкиот весник „Напред“, кој излегувал во Софија, а во кој меѓу другото се вели: “повеќе лица во овој период биле испратени во различни југословенски концентрациони логори...

Во овој период бил уапсен Павел Шатев „познат борец за иднината на македонскиот народ“ и Мире Анастасов, кој бил „верен син на работничката класа и македонскиот народ“.

Според извештајот, Анастасов бил добро познат кај младата генерација македонски комунисти како „бестрашен борец против титоизмот“.

Страшимир (Мире) Анастасов починал во Скопје во 1998 година.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.