Македонски легенди

Иван Дојчинов

1isks1234567789

1isks1234567789

Иван Дојчинов (11. Ⅰ 1909 – 29. Ⅰ 1991) е македонски комунист, интернационален комунистички деец, шпански борец и воен командант во НОАВМ. Тој бил член на Главниот штаб на НОВ на Македонија и учествувал на Првото и Второто заседание на АСНОМ. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. По војната бил репресиран како информбировец.

Иван Христов Дојчинов (Димче Шпанецот) е роден на 11 јануар 1909 година во Гевгелија. По Првата светска војна неговото семејство се преселило во Ќустендил, а во 1930 година емигрирало во Аргентина. Таму. во 1932 година, Иван станал член на Комунистичката партија на Аргентина (КПА), а потоа бил член на Секретаријатот на КПА во Буенос Аирес и член на Антиимперијалистичката лига во Аргентина. Истовремено бил активен во тамошната македонска организација и соработувал во списанието „Македонски глас“.

Иван неколку пати бил уапсен од полицијата и поминал две и пол години во аргентинските затвори. Потоа заминал за Европа, каде учествувал како доброволец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939). Бил борец на Интернационалните бригади и бил член на Кумунистичката партија на Шпанија (КПШ). За време на војната во која три пати бил ранет, се стекнал со чин капетан на Републиканската армија.

По завршувањето на Шпанската граѓанска војна извесно време поминал во концентрационите логори во Франција. Кон крајот на 1939 година избегал од логор и праку Италија и Југославија стигнал во Софија.

Во 1941 година се вклучил на народносолободителната борба (НОБ) во Македонија како инструктор на ПК на КПЈ во Македонија, Станал член на Воената комисија на МК во Гевгелија и член на Покраинскиот воен штаб. Во мај 1943 година станал командант на Мавровско-кичевскиот НОПО, а потоа бил командант на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, член  и заменик-командант на ГШ на НОВ и ПОМ, заменик командант на Третата македонска НОУБ, на дивизија и на корпус.

Иван Дојчинов за време на НОБ, ја напишал песната „партизанска химна на Првата оперативна зона“ која била објавена во стихозбирката „Македонски народно-ослободителни песни“. Тој бил учесник на Првото и на Второто заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето ја завршил Воената академија “Фрунзе“ во Москва, СССР, а по враќањето во 1948 година бил унапреден во чин потполковник и поставен за командант на Валевската воена област и началник на Оперативното одделение на Петтата армиска област. Меѓутоа, тој ја прифатил Резолуцијата на Информбирото и бил уапсен кон крајот на 1950 година и 1 ноември 1951 година бил осуден на 9 години строг затвор и на 3 години ограничени права. Казната ја издржувал во КПД Билеќа од март 1952  до 1954 година, потоа бил на Голи Оток и во Казнениот затвор во Белград,

Иван бил помилуван и ослободен во 1956 година. По пуштањето на слобода тој со тешкотии се вработил во Металскиот завод во Скопје и бил под сомнение. Повторно бил уапсен во јуни 1958 година, а по шест месеци бил ослободен како невин и емигрирал во Бугарија. Подоцна, пак се вратил во Скопје.

Иван Дојчинов (Димче Шпанецот) починал на 29 јануари 1991 година во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top