Среда, 15 Февруари 2023    PDF Печати Е-пошта
Пандо Шиперков

1sierk3

Пандо Шиперков (10. I 1921 – 8. III 1948) е македонски комунист и партизан, борец на ДАГ. Во 1941 г. влегол во грчката кумунистичката партија, а во есента 1943 г. станал борец на партизанската единица „Лазо Турповски“. Подоцна бил политички комесар на одред во Леринско-костурскиот баталјон и комесар на вториот баталјон на Леринско-костурската бригада. Од мај 1945 година е назначен за комесар на гранична единица на Народниот одбранбен корпус на Југославија во Гевгелиско. Во ноември 1946 г. бил командант во штабот на ДАГ во планината Вич. Починал во областа Свети Илија помеѓу селата Груче и Папрацко.

Пандо Шиперков е роден на 10 јануари 1921 година во костурското село Смрдеш, Егејскиот дел на Македонија, во сиромашно семејство. Завршил основно учичиште  во родното село, а потоа продолжил да го учи шивачкиот занает. Во шивачката работилница тој се запознал со прогресивните идеи ма рабптничкото движење.

Во  април 1941 година Грција беше нападната и окупирана од германските, италијанските и бугарските фашистички војски, Пандо кој како шивачки работник бил задоен со прогресивните идеи, веднаш се определил за антифашистичката борба. На 1 јули истата година, на традуционалниот селски собир ви месноста Св. Врач, Пандо учествувал во спречувањето на бугарските емисари да шират фашистичка пропаганда, поради што италијанскте карабињери употребиле оружје за да го спречат конфликтот.  

Во есента 1941 година, Пандо се вклучил во комунистичка ќелија на КПГ, формирана во неговото село. По извршените подготовки, во летото 1943 година, со група истомисленици од неговото и од другите околни села, Пандо заминал во партизани. Од оваа група бил формиран одредот “Лазо Трповски”.

Во пролетта 1944 година, борците на одредот “Лазо Трповски” биле вклучени во составот на втората чета, во вториот баталјон на 28-от полк на ЕЛАС. Пандо Шиперков потоа учествувал во сите борби што ги водел батаљонот на теренот Вичо.

Но, откако раководството на КПГи ЕЛАС во Костурско покажа недоверба кон македонските партизани, една група борци од овој батаљон, меѓу кои и Пандо Шиперков, во мај 1944 година ги напуштиле единиците на ЕЛАС и преминале во Вардарска Македонија каде во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада ја продолжиле борбата против окупаторот.

На 8 јуни 1944 година, во селото Локов била формирана Првата македонска ударна бригада, во чиј состав влегле сите борци дојдени од Костурско и Леринско. Во втората половина на јуни 1944 година, во составот на Првата македонска ударна бригада се приклучила уште една група од 45 Македонци од Костурско – борци на ЕЛАС и активисти на организацијата СНОФ. Кон крајот на јуни, борците од Костурско формирале посебен баталјон, кој беше прва поголема македонска партизанска единица во Вардарскиот дел на Македонија, составена од борци од Егејскиот дел на Македонија. За командант на баталјонот бил именуван Атанас Коровешов, а Пандо Шиперков бил назначен за политички комесар на втората чета во Баталјонот.

Во првата половина на јули 1944 година, по спогодбата на КПГ и КПМ, Панде Шиперков со Костурскиот македонски баталјон добро опремен со оружје се вратил во Костурско со цел да ја продолжи борбата со окупаторот.

На 2 август 1944 година, во слободното село Поздивишта, Костурско, бил формиран посебен македонски баталјон кој го добил името “Гоце”. Основно јадро на македонскиот баталјон претставуваа борците кои дојдоа од Караорман. Баталјонот влезе во составот на 18-от полк, односно во IX-та дивизија на ЕЛАС. Во овој баталјон, Пандо Шиперков беше назначен за политички комесар на чета. Тој учествуваше во сите борби кои ги водеше баталјонот “Гоце” и во една битка, во с. Зеленич беше ранет во ногата.

Во есента 1944 година дојде до повторно недоразбирање помеѓу македонските партизани во Костурско и Леринско и раководството на КПГ и ЕЛАС. Командата на ЕЛАС со наредба одлучува да го расформира баталјонот “Гоце”. Борците на баталјонот енергично и се спротивставиле на оваа одлука на КПГ и ЕЛАС и повторно преминале во Вардарскиот дел на Македонија. Тие се приклучиле во редовите на македонската војска, и влегле како посебна единица во составот на 49-та дивизија на НОВ на Македонија. Од новопристигнатите борци од Костурско и Леринско и од редовните борци на македонскиот костурски баталјон, во с. Граешница, Битолско бил формиран посебен баталјон. За командант на баталјонот бил именуван Атанас Коровешов, а за политички комесар Пандо Шиперков.

Со баталјонот,  Пандо се вратил на теренот во Костурско каде успешно им се спротивставувал на окупаторите, но и водел морална борба со единиците на ЕЛАС, укажувајќи дека никој нема право да ја оспорува самобитноста на македонскиот народ во рамките на грчката држава. За жал, баталјонот беше нападнат од една единица на ЕЛАС на планината близу до неговото родно село и, за да се избегне крвопролевањето, Пандо со баталјонот, преку Албанија, по трет пат преминал во вардарскиот дел на Македонија, односно во слободна Битола каде се вклучил во штотуку формираната Прва ударна бригада на Македонците под Грција составена од борци од Леринско, Костурско, Воденско, Кајларско и други.

Во својство на политички комесар на баталјон во Првата народноослободителна ударна бригада на Македонците под Грција, Пандо учествува во ликвидацијата на балистичките банди во Гостиварско, Тетовско, Кичевско итн.

Во мај 1945 година, односно по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците под Грција, Пандо Шиперков стана политички комесар на погранична единица на Корпусот на народна одбрана на Југославија (КНОЈ) во Гевгелија, со чин капетан /прва класа/.

Во пролетта 1946 година, Пандо Шиперков, по свое барање бил ослободен од ЈНА и се ставил на располагање на Главното раководство на НОФ за Егејска Македонија. Во јули истата година, по директива на НОФ заминал во Егејскиот дел на Македонија на теренот Вичо каде бил поставен за командант на македонските партизански единици кои се бореле против новите грчки вооружени сили поддржани од САД и Велика Британија.

Во ноември 1946 година, по обединувањето на грчките и македонските партизански единици, Пандо бил поставен за командант на заедничкиот штаб на ДАГ во Вичо, а кон крајот на 1947 година, по извршената реорганизација, тој бил поставен за командант на баталјон. На Првиот конгрес на Народноослободителниот фронт (НОФ), на кој Пандо учествувал како делегат, бил избран за редовен член на Главниот одбор на НОФ.

На 8 март 1948 година, во месноста Св. Илија, меѓу селата Граче и Папрацко во Костурско, во една битка што ја водеше Пандо со својот баталјон, една непријателска топовска граната безмилосно го покоси и стави крај на неговиот борбен живот.

Пандо Шиперков, како капетан – прва класа – на ЈНА беше одликуван со Орден за заслуги на народ, а исто така и како командант на ДАГ тој имаше повеќе пофалби и одликувања.

1Tihomir Подготвил: ТК

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.