Среда, 22 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
Јани Лукров

1luko1

Јани Лукров (1922 – 20. IV 1948) е истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење од Егејскиот дел на Македонија. Учествувал во комунистичкиот отпор за време на Втората светска војна во рамките на ЕЛАС. Во јули 1944 година станал член на Леринско-костурскиот баталјон „Гоце“. Подоцна е заменик командант на Првата егејска бригада, формирана во Битола. Заедно со бригадата се бори против силите на Бали Комбетар во Западна Македонија. Од мај 1945 година бил дел од четвртата бригада на корпусот на народната одбрана на Југославија. Од средината на 1946 година се враќа во Егејска Македонија и влегува во ДАГ. Таму станува капетан и командант на четата. Починал во Костараџа, меѓу Костур и Хрупишча. Монархофашистите го однеле телото во Костур и таму го влечеле по улиците на градот за да го плашат народот.

Јани Лукров е роден во 1922 година во село В’мбел, Костурско, Егејскиот дел на Македонија. Неговите родители Ристо и Софија биле сиромапни и се занимавала со земјоделство. По завршувањето на основно образование во родното село им помагал на родителите во земјоделските и други работи. Во 1936 година, Јани една година го изучувал чевларскиот занает кај Насо Толев во селото Руља, а потоа отворил чевларска работилница на сред село.

По фашистичката окупација на Грција во април 1941 година, во неговиот чевларски дуќан секојдневно се слушале селски разговори, кои му овозможиле да се запознае со прогресивните идеи. Постарите селани раскажувале за животот на Македонците под турско ропство, за деновите од Илинденското востание и за новите грчки господари коишто по Балканските војни, вршеа нечуен терор и асимилација врз македноското население по македонските села. Ваквите разговори многу влијаеле за развивањето на неговата македонска национална свест.

Кон крајот на 1942 година, Јани, заедно со други напредни младинци од родното село, стапува во редовите на младинската комунистичка организација ОКНЕ, а на почетокот на 1943 година бил одговорен на една младинска тројка во селото. На 15 мај 1943 година тој бил примен во секретаријатот на селската партиска организација на КПГ, а кон крајот на 1943 година, Јани доброволно стапува во редовите на ЕЛАС и во нејзините борбени единици.

Во почетокот на мај 1944 година, Јани Лукров, заедно со група македонски партизани на ЕЛАС, енергично му се спротивставува на неправилниот став на КПГ и ЕЛАС во однос на македонското национално прашање и, во знак на протест, се отцепува од единиците на ЕЛАС и преминува во вардарскиот дел на Македонија каде во составот на партизанските единици од овој дел на Македонија ја продолжува борбата против окупаторот.

Во втората половина на јули 1944 година, по договорот помеѓу КПГ и КПМ, Јани, со една група македонски партизани од Костурско и Леринско, се враќа во родниот крај и веднаш се вклучува во редовите на новоформираниот македонски баталјон “Гоце”. Во прво време Јани беше десетар, а подоцна и водник на третата чета.

Во почетокот на октомври истата година дојде до повторно недоразбирање меѓу Грчките комунисти и Македонците. По одлуката на КПГ и ЕЛАС да се расформира баталјонот “Гоце”, македонските борци енергично се спротивставиле и за да се избегне крвопролевањето, тие повторно преминале во вардарскиот дел на Македонија. Заедно со нив преминал и Јани.

Во селото Велушина бил формирана Леринско-Костурската бригада, а Јани Лукров бил поставен за заменик командант на чета на тогашниот петти батаљон.  Како посебна единица борците од Костурско и Леринско влегуваа во составот на 49-та дивизија на НОВ на Македонија. Подоцна, со формирањето на Првата ударна македонска бригада, Јани беше избран за заменик командир на чета во специјалниот баталјон на истата бригада. Во редовите на оваа бригада тој учествувал во сите нејзини борби кои беа водени против балистите во околината на градовите Кичево, Гостивар, Тетово итн.

Во мај 1945 година, по расформирањето на Првата ударна бригада на Македонците од Грција (Егејската бригада), Јани Лукров беше распореден во единиците на КНОЈ, односно во составот на Четвртата бригада, чие седиште и беше градот Битола. За постигнатите борбени заслуги во единиците на ЈНА Јани беше неколку пати пофалуван и одликуван.

Кон средината на 1946 година, Јани бил демобилизиран и веднаш потоа заминал во Егејскиот дел на Македонија за да се бори против новите реакционерни власти во Грција и нивните англиски помагачи. На 20 декември 1946 година доброволно стапил во редовите на Демојратската армија на Грција (ДАГ) и за многу кратко време добил одговорни функции. Посебна храброст и херојство покажа во драматичните борби кои се водеа на подрачјето на планините Каракамен и Кајмакчалан против владините единици. Во тие борби Јани беше унапреден во чин капетан и командуваше со чета.

Во 1947 година, во една жестока борба што се водеше на планината Каракамен, од детонација Јани го изгубил слухот. За време на своето лекување извесно време тој престојувал во родното село В’мбел, кај своето семејство. По неколку месеци, откако здравствената положба му се подобри, тој добил наредба од раководството на ДАГ да формира самостојна партизанска единица со задача да дејствува во позадината, односно да ги обезбедува комуникациите од евентуалните напади на непријателот. На чело на оваа единица тој дејствувал во Корештата, Вичо и во други околни места.

Во почетокот на април 1948 година, во една жестока борба билс десеткувана целата 18-та бригада на ДАГ. Подоцна, во селото Брезница, Костурско, составот на 18-та бригада беше дополнет со позадински единици на ДАГ од околните места во чиј состав влезе и четата на Јани Лукров. На 20 април истата година, по извршената реорганизација на 18-та бригада, Јани добил наредба со својата единица да постави заседа на патот од Костур кон Рупишта, во месноста “Костураж”, близу до селото Богацко. Борејќи се храбро во оваа нерамна борба со непријателот, Јани Лукров, заедно со многу други соборци, го положи својот живот во олтарот за слободата на македонскиот народ. После неговата смрт, владините војски го однеле неговото тело во Костур и го влечеле по улиците со цел да го заплашат населението.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.