Среда, 19 Април 2023    PDF Печати Е-пошта
Лазар Попстефанов

1gre19991234555

Лазар Попстефанов (1897 – 1941) е македонски комунистички револуционер и офицер, полковник во Црвената армија. Учествувал во Првата светска војна (1916 - 1918) и во Септемвриското востание (1923). Емигрирал во Кралството на СХС, каде што го завршил Правниот факултет. Потоа заминал во Советскиот Сојуз и во Москва ја завршил Воената академија „Фрундзе“. При нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија. Загинал на фронтот.

Лазар Иванов Попстефанов е роден на 17 април 1897 година во разлошкото село Банско, Пиринска Македонија, тогаш во Отоманската империја. Тој е син на Иван и Катарина Попстефанови. Се образувал во Банско, Солун, Самоков. Во 1916 година завршил гимназија во Ќустендил, а потоа учествувал во Првата светска војна (1916 - 1918).

Стефанов е еден од основачите на Здружението на млади комунисти во Банско. Во 1923 година му помагал на македонскиот револуционер и бугарски политичар, деец на ВМРО (об) и Бугарската комунистичка партија, Владимир Поптомов, кој за време на Септемвриско востание, раководел во реонот на Разлог. За време на Септемвриското востание Стефанов командувал со групата која ја нападнала касарната во Мехомија (Разлог).

По задушувањето на бунтот, Лазар Попстефанов успеал да побегне во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Во негово отсуство, тој бил осуден на смрт во Бугарија.

По доаѓањето во СХС, Лазар продолжил со своето образование и дипломирал на Правниот факултет. Подоцна зтој аминал во СССР, каде продолжил со својата наобразба. Во 1932 година дипломирал на Воената академија „Михаил В. Фрунзе “.

По завршувањето на Воената академија, тој имал различни функции во Црвената армија. За време на нападот на нацистичка Германија на Советскиот Сојуз бил началник на штабот на дивизија.

Лазар Попстефанов загинал на Источниот фронт во 1941 година.

Подготвил Т.К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.