Среда, 17 Мај 2023    PDF Печати Е-пошта
Козма Лесновски

1koyma

Козма Лесновски (средината на XIX век – 1906/1907) е духовник, архимандрит и револуционер од Македонија, раководител на Македонската револуционерна организација. За време на неговото игуменство, вратите на Лесновскиот манастир биле ширум отворени за народните дејци и револуционери. По дојава, Турците дознале за активностите во манастирот. Козма бил фатен, осуден и испратен во Бодрум или Подрум кале, Мала Азија, каде кон крајот на XIX и почетокот на XX век биле заточени низа македонски револуционери.

Козма Лесновски е роден во средината на XIX век, во серското село Крчово, Егејскиот дел на Македонија. Се замонашил на Света Гора под името Козма. Во 1895 година, Козма ја прифатил поканата на Скопската егзархиска митрополија да биде игумен на Лесновскиот манастир.

По доаѓањето во манастирот, заедно со кратовскиот учител Григор Манасиев, архимандритот Козма раководел со револуционерните активности на Македонската револуционерна оргамизација.

Во 1897 година, по Виничката афера, тој бил уапсен од османлиските власти заедно со кратовскиот учител Јосиф Даскалов и по сурово мачење биле осудени на егзил и испратени во Бодрум или Подрум Кале, каде кон крајот на XIX и почетокот на XX век биле заточени низа македонски револуционери меѓу кои: Христо Татарчев, Даме Груев, Пере Тошев, Христо Матов и др.

Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија (Софија, 1933) пишува: „ ..За време на неговото игуменство, вратите на Лесновскиот манастир биле ширум отворени за народните дејци и револуционери. А дедо Козма е првиот бунтовник. Клучот од влезната порта на манастирот бил оставен на договорено место за револуционерите. Така, манастирот станал место на заговор против тиранската турска моќ. Монаси само во манастирот беа со одежди, надвор од него - со пушки и бомби. Но, тоа не траеше долго. По дојава, Турците дознале за двојната активност на Козма и браќата околу него и еден ден го опколиле манастирот и ги врзале сите монаси во синџири. Тие беа осудени во Скопје и протерани во Азија...“

По амнестијата се вратил во манастирот. Во 1906 година му се слошило и побарал од митрополитот скопски да оди на лекување во Софија. Се претпоставува дека кон крајот на 1906 година или почетокот на 1907 година заминал за Бугарија, каде што починал.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните

ВМРО– ДПМНЕ и претседателот Мицкоски со убедлива поддршка од граѓаните, полицијата на терен во Ара...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.