Македонски легенди

Стојан Разловски

1unai1222334556

1unai1222334556

Поп Стојан Разловски (прва половина на XIX век – 1876) е македонски црковен и револуционерен деец, еден од организаторите и водачите на Разловечкото востание (1876). Тој бил најблизок соработник и дедо на Димитар Попгеоргиев – Беровски. Се грижел за организирањето и набавката на оружје и учествува во востаничките борби. Поп Стојан е запомнет од народот како главен подготвувач, поради што востанието било нарекувано Попстојаново.

Стојан Разловски е роден во пијанечкото село Разловци, во првата половина на XIX век. Разловски го прифатил свештенството и се вклучил во борбата за национална и црковна самостојност. На иницијатива на Поп Стојан и негови блиски соработници Цоне Спасев, Стоил Ѓорѓов и Стоил Ковач, околу 1850 година била изградена црквата „Св. Свети Константин и Елена“ во Разловци. Нивните ликови се фрескоживописани на западната страна на црквата, наречени „ктитори сосе доми“, односно ктитори со семејствата.

Кога Поп Стојан започнал со својата револуционерна дејност, фреската со својот лик ја премачкал со пепел и вар. Истата повторно била откриена дури во 1976 година, на стогодишнината од Разловечкото востание.

Во 1875 година поп Стојан учествувал во подготовката на Разловечкото востание. Тоа се подготвувало и во Солун и во Разловци. Во Разловци главни организатори на востанието биле Поп Стојан со синовите и Костадин Иљов Карчовски. Поп Стојан се грижел за организирањето и набавката на оружје, а потоа учествувал во востаничките борби. Тој е запомнет од народот како главен подготвувач, поради што востанието било уште нарекувано како Попстојаново.

Местото Калаџерџево, во пазувите на планината Голак,  сопственост на поп Стојан, било определено за собирање на востаниците. На почетокот на мај 1876, во Калаџерџево било одржано советување за дигање на востанието на кое присуствувале покрај Д. П. Беровски и Поп Стојан Разловски, повеќе од дваесетина души од Пијанецот и Малешевијата.

На 20 мај 1876 год. во селото Разловци, Делчевско, е дигнато првото организирано македонско востание против турската тиранија во Македонија. Под знамето кое било изработено во Солун, на жолта подлога со разјарен црвен лав, а на кое пишувало: „Македонија“, околу 60 македонски востаници започнале престрелка со турската војска во селото која ги прателе даночните службеници. Поголем дел од Турците биле убиени, неколку биле ранети, а потоа селаните ги изгореле даночните дефтери.

По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè. Во својот говор одржан пред востаниците и населението во Разловци, поп Стојан, вториот човек на востанието, десна рака на Димитар Поп Георгиев Беровски, ќе рече: „Без жртви нема слобода. Ако се жртвуваа нашите татковци и дедовци, ние сега ќе бевме слободни. Жртвата што ние ќе ја дадеме ќе биде жртва за нашите синови и внуци. Тие ќе останат засекогаш да ѝ се радуваат на својата независност“.

На пат кон Берово, кај Митрашинци, војводата Д.П. Беровски во судир со помала турска единица бил ранет во главата што имало негативни последици по развојот на востанието.

По неуспехот на востанието, Поп Стојан бил заробен во Рилскиот манастир и затворен во манастирската кула. Таму, на 28 јули 1876 година, според пишувањето на син му, тој успеал да се самоубие пред да биде одведен од затвор во затворот во Дупница. а според Д. П. Беровски, тој бил убиен од манастирската стража.

1Tihomir Подготвил: Т.К

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top