Среда, 16 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
Лазар Димитров

1laz1

Лазар Димитров (1869 - 1945) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, претседател на Одринскиот и Серскиот окружен револуционерен комитет. Како серски делегат учествувал на Солунскиот конгрес на Македонската револуционерна организација во јануари 1903 година. Првично се спротивставил на идејата за започнување на вооружено востание, но подоцна ја потпишал одлуката. За време на Илинденското востание бил член на Охридското горско началство и околиски началник во Дебарско.

Лазар Димитров е роден на 6 април 1869 година во дебарското село Дренок, тогаш во Отоманскоти царство. Своето образование го започнал во родното село, а Солунската машка гимназија ја завршил во 1889 година. Учителствувал две години во Дебар (1889 – 1890), една година во Солун, а во 1894/1895 година бил учител на Гуменџе. Поради клевети од српската и грчката пропаганда, неколку пати бил апсен и требало да биде интерниран во Дебар во 1895 година. Меѓутоа со поткуп останал во Битола.

Во есента, истата 1895 година, Димитров бил назначен да работи во Богословијата во Цариград. Таму и формално се зачленил во месниот комитет на Организацијата. Во 1896/1897 бил преместен во Одринската ехзархиска машка гимназија и бил избран за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет на Организацијата. Таму го наследил како организатор Христо Коцев, кој заминал за Солун и заедно со Антон Арнаудов развил активна револуционерна дејност.

Во 1901 година накратко студирал славјанска филологија на Софискиот универзитет, но студиите ги прекинал. Потоа на барања на Гоце Делчев и други заминал за Солун за да влијае врз битолските водачи за да се воздржат од востание и да им се спротистават на врховистите кои веќе подготвувале востание. Во Солун останал за време на распустот, а потоа бил назначен за учител во Сер во 1902/1903 година. Во Сер предавал во Серското педагошко училиште и бил претседател на Серскиот окружен револуционерен комитет. Како серски делегат учествувал на Солунскиот конгрес на Македонската револуционерна организација во јануари 1903 година.

Конгресот во Солун се одржал на Нова година во гимназијата. Лазар Димитров знаејќи го мислењето на Јане Сандански, на Гоце Делчев и на другите кои биле против, првично се спротивстави на идејата за започнување на вооружено востание, но подоцна ја потпишал одлуката.

По Солунските атентати бил уапсен и донесен во Солун, каде што бил затворен 15 дена со многу други. Потоа го префрлиле во Битола каде што останал 8 дена во затвор. Оттаму преку Охрид го префрлиле во Дебар, каде бил ослободен и останал до востанието.

За време на Илинденското востание бил член на Охридското горско началство и околиски началник во Дебарско. По неуспешното завршување на востанието, заедно со другите водачи на Организацијата како Лука Групчев, Антон Кецкаров и други, се повлекол преку Албанија и Црна Гора во Бугарија.

Во 1909 година бил претседател на Дебарското просветно пријателство во Софија. За време на Првата светска војна бил училишен инспектор во Приштинскиот училишен округ.

По Првата светска војна (1914 – 1918) се преселил во Бугарија, каде што работел како учител и околиски училишен инспектор. Од 1936 година е член на Илинденската организација.

Лазар Димитров починал во Пловдив во 1945 година.

1Tihomir Подготвил: Т. К.

 

На прво место

News image

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле

Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.