Македонски легенди

Густав Влахов

1kir5

1kir5

Густав Влахов (18. IX 1912 – 16. I 1991) е македонски комунист, инжинер-технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Син е на Димитар Влахов и го следел животниот пат на татко му. Во 1935 г., преку Лондон и Ленинград заминал за Москва. По Хитлеровиот напад на СССР  (1941), како доброволец во Црвената армија, учествувал во одбраната на Москва. Во 1944 г. со татко му заминал за Крајова, каде што преговарале Тито и Трпешев и речиси два месеца бил во близина на Тито. По краткиот престој во Белград, заминал за Македонија каде што осум месеци вршел одговорни функции. Меѓутоа, дошло до недоразбирања со македонското раководство, по што бил испратен во Белград каде вршел повеќе одговорни функции. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Густав Влахов е роден на 18 септенври 1912 година во Цариград. Тој е син на познатиот македонски револуцинер Димитар Влахов. Со татко му патувал во повеќе градови како Варна, Софија, Одеса, Киев, Женева и други места. Основно училиште завршил во Варна (1919–1923), средно во Виена (1932), а во 1933/34 г. живеел во Париз каде станал член на Француската комунистичка партија (КПФ).

Во 1935 г., преку Лондон и Ленинград, заминал за Москва, каде што се запишал на Военота академија, специјалност „хемиска одбрана“. Меѓутоа, по едномесечниот притвор на татко му во 1938 година, Густав бил исклучен од Воената академија и се запишал на Хемиско-технолошкиот факултет. По две години го завршил факултет и се вработил како инженер-технолог во московска фабрика.

Како член на Сесојузната комунустичка партија – болшевици СКП(б), по Хитлеровиот напад на СССР  во 1941 г. се пријавил како доброволец во Црвената армија. За време на војната  како припадник на Посебниот одред со специјални задачи и политички заменик на командантот на Интернационалната бригада на Црвената армија учествувал во одбраната на Москва.

На 5 октомври 1944 г. тргнал со татко му од Москва во Крајова, каде што преговарале Јосип Броз Тито и претставнкот на Отечествен фронт Бугарија Добри Терпешев. Густав речиси два месеца бил во близина на Тито.

По краткиот престој во Белград, на 17 ноември Густав Влахов тргнал за Скопје. Во Македонија осум месеци вршел одговорни функции. Тој бил директор на првата Партиска школа на КПМ во Скопје, член на Агитпроп и инструктор на ЦК на КПМ за скопската партиска организација и директор на Централата за распределба на земјоделски производи. Во април 1945 година Густав Влахов учествувал во работата на третата комисија за јазик и правопис на АСНОМ.

Меѓутоа, поради недоразбирања со македонското раководство, меѓудругото и по национална линија, Густав Влахов бил испратен на работа во Белград и бил поставен на повеќе одговорни функии во сојузните органи, меѓу кои:  политички секретар на Кабинетот на Врховниот командант на оружените сили на ФНРЈ, помошник министер за надворешни работи и помошник-министер за земјоделство на ФНРЈ, претседател на Комитетот за социјални грижи на Владата на ФНРЈ, сојузен секретар за социјална политика, постојан претставник на Владата на ФНРЈ во Европското биро на ООН во Женева (1954-1956), амбасадор во Пакистан (1956-1957), Мексико (1957 – 1964) и во Австрија; член на Сојузниот извршен совет, сојузен секретар за социјална политика и труд, сојузен секретар за информации (1965-1967), пратеник (мај 1967) и потпретседател на Сојузното собрание на СФРЈ.

Автор е на книгите „На пресвртница“ (1990), „Пакистан во моите очи, во моето срце“ (1990) и биографија на неговиот татко. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Густав Влахов починал на 16 јануар 1991 година во Белград.

подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top