Македонски легенди

Јордан Шурков

1ege2888890001

1ege2888890001

Јордан Шурков (1878 – 27. X 1929) е македонски револуционер, драматург и новинар, учесник во македонското ослободително движење. Уште како ученик во Пловдив се вклучува во активностите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Подоцна станал дел од анархистичката група гемиџии, а потоа бил дел од левото крило на Македонската револуционерна организација, поддржувајќи ги Санданистите. Учествувал во активностите на Народната федеративна партија – партијата на Јане Сандански.

Јордан Шурков е роден во 1878 година во Велес. Своето образование го продолжил во Пловдив, Бугарија, каде како ученик се вклучил во активностите на Македонскиот таен револуционерен комитет. Подоцна заминал да учи во машката гимназија во Солун, каде проповедал социјалистички идеи меѓу соучениците. Како претседател на пловдивскиот анархистички кружок тој во Солун се сретнал со познати од пловдискиот кружок Петар Манџуков и Светослав Слави Мерџанов со кого учествувал во формирањето на анархистичката група гемиџии, а подоцна влегол и во Македонската револуционерна организација.

Отворил книжарница во Велес и се занимавал со издаваштво и пишување. Во летото 1903 година, група револуционери од Велешката околија, во која Јордан Шурков имал водечка улога, планирале да извршат атентат врз српскиот крал Александар Обреновиќ, кого го сметале за главен виновник за српската пропаганда во регионот. Но планот не успеал поради убиството на кралот од страна на српски офицери приврзаници на Петар Караѓорѓевиќ.

Јордан Шурков потоа емигрирал во Русија, каде што учествувал во Јануарската револуција во 1905 година (јануар 1905 – јуни 1907). Потоа заминал за Бугарија каде се приклучил на левото крило на Македонската револуционерна организација, поддржувајќи ги Санданистите. Пишува текстови за весникот „Камбана“ (1907 – 1935), кој е близок на Санданистите.

По Младотурската револуција во 1908 година, се вратил во Отоманската империја и учествувал во активностите на Народната федеративна партија. Шурков заедно со Ф.Бајрактаров бил делегат од Скопје на основачкиот конгрес на партијата одржан во август 1909 година во Солун. Со учество во дискусиите, покрај Јане Сандански, Димитар Влахов, Ангел Томов, Добри Даскалов и Димитар Коштанов се истакнал и Јордан Шурков. На конгресот Шурков бил избран за член на партискиот совет.  Најпрвин бил активен во Одринско, а потоа се преселил во Македонија.

Во враќањето, Шурков учествува во Комитетот за јавна безбедност во Велес, кој ги предводел цивилните и воените власти во регионот. По избувнувањето на Првата светска војна, тој се приклучил на Комитетот на дезертери, кој е формиран во 1914 година со цел да го кординира трансферот на оние Македонци кои дезертирале од српската армија.

По Првата светска војна, Шурков кој се повлекол во Бугарија бил истакната личност во тамошната македонска емиграција. Бил претставник на велешкото братство на Основачкото собрание на Сојузот на македонските иселенички организации, одржано во Софија од 22 до 25 ноември 1918 година.

Во 1919 година го издавал весникот „Македонска солза“ во Горна Џумаја. Во 1921 година, Шурков се населил да живее со семејството во Петрич, каде што активно учествувал во општествениот и културниот живот на градот. Учествувал како делегат од Петричкото македонско братство на обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските иселенички организации од јануари 1923 година. За време на инцидентот во Петрич во октомври 1925 година, кога грчката армија навлезе во Пиринскиот дел на Македонија, тој успешно го организирал снбдувањето со прехранбени продукти на борците од првата линија.

Јордан Шурков се јавува како драматург и напишал голем број драми. Автор е на следните дела: „Остварен сон“  („Постигнат блян“, 1926) – драма, „До бунт“ („Към бунт“) – драма, „Одмазда“ („Отмъщение“) – драма, „Неразумна шега“ – трагедија.

Јордан Шурков починал на 27 октомври 1929 година во Софија.

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top