Среда, 20 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Кирил Михајловски - Груица

1org4

Кирил Михајловски (9. VI 1916 –20. V 1991) е македонски комунист, учесник во НОВ, генерал мајор на ЈНА. Се борел во партизански единици во Србија и Македонија. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. По војната заземал високи раководни функции во ЈНА. Учествувал во пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје и исплнувањето на негивата желба да почива во главниот град на идната независна македонска држава. Носител е на Партизанска споменица 1941, а во 1953 година е прогласен за народен херој.

Кирил Михајловски е роден на 9 јуни 1916 година во Виница. Неговите родители биле учители. Основно училиште завршил во родниот град, а гимназија во Лесковац, каде што работеле неговите родители. Уште како гимназијалец се вклучил во револуционерното младинско движење во Лесковац. Потоа посетувал училиште за обука на наставници и водел групи за читање каде се дискутирало за револуционерните настани во Советскиот Сојуз и Шпанија. Тој бил член на КУД „Абрашевиќ“ и во управниот одбор на „Сеоске слоге“ во Лесковац, а учествувал и во собирање на „Црвена помош“. Како активен и докажан младинец станал член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) во 1938 година.

Поради својата активност за време на декемвриските избори во 1938 година, по крвавите конфронтации со полицијата. Кирил се засолнил во призренското село Врбичане, каде што неговиот брат бил учител. Овде се поврзал со водачите на Комунистичката партија на Југославија за Косово и се активирал во организирањето на наставниците. Заради неговата активност бил уапсен и одведен во Призрен. Во пролетта 1939 година, тој бил повикан на отслужување на воениот рок во Марибор, каде што го посетувал училиштето за резервни офицери. Таму се поврзал со комунистите и развиле активност колку што овозможувале условите во касарната. Главно се читала нелегална литература и се обезбедувале информации.

Априлската војна од 1941 година го затекнала Кирил во Страцин, како резервен потпоручник. По окупацијата се вратил во Лесковац и се вклучил во подготовките за вооружено востание. Во 1941 година станал член на КПЈ и во јуни истата година бил испратен во Прокупље, со цел да организира партизански одред. По формирањето на Топличката чета станал комесар на четата. Дотогаш бил познат по името Уча, а потоа бил познат со партизанското име Грујица.

Кирил се борел во партизански единици во Србија, како командант на баталјон, комесар на Првата јужноморавска бригада, комесар на Првиот јужноморавски баталјон, па на Првата јужноморавска бригада. Во текот на војната бил и началник на оперативниот штаб на црнотравските, косовски и македонски единици.

Со текот на времето, Кирил побарал од КПЈ да биде распореден во партизанските единици во Македонија. Кога на 26 февруари 1944 година била формирана Третата македонска бригада, Корил бил назначен за политички комесар на бригадата. Во јули истата година станал комесар на Четвртата македонска бригада. За време на завршните операции за ослободување на Македонија бил командант на 50-та, а потоа и на 51-та НОВЈ дивизија и командант на Воениот округ Штип. Тој бил и член на Антифашистичкиот совет на народното ослободување на Југославија и на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.

По војната Кирил Михајловски – Груица заземал високи раководни функции во ЈНА Тој го организирал преносот на моштите на Гоце Делчев во Скопје, исполнувајќи ја неговата желба да почива во главниот град на идната независна македонска држава. По поклонението на 4 октомври 1946 година, со посебна делегација и почесен одред, предводен од генералот Кирил Михајловски – Груица саркофагот со Гоцевите останки биле пренесени од Софија за Скопје.

Кирил останал во служба на ЈНА до 1966 година, кога се пензионира со чин генерал-мајор. Бил избран за пратеник во Народното и Сојузното собрание. Бил член на Советот на Федерацијата.

Кирил Михајловски – Груица починал на 20 мај 1991 година во Белград.

Носител е на Партизанска споменица 1941 и на повеќе странски и југословенски одликувања. Добитник е на Орден народен херој на 29 ноември 1953 година.

1Tihomir подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Уни

Откако го направија фамозното селфи во авионот од Брисел, Македонија е се подалеку од Европска...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО ПЕТРОПОЛИС – ЦЕНТАРОТ НА ПОРТУГАЛСКАТА ИМПЕРИЈА И БОГАТСТВОТО (3)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.